- ЗАШТИТА НА ИГРАЧИ ПРЕКУ ОДГОВОРНО ПРИРЕДУВАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИ ИГРИ
- ОДГОВОРНОСТ КОН ИГРАЧИТЕ
- ОДГОВОРНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
- ЗНАЦИ НА ПРЕКУМЕРНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
- МИТОВИ ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
- САМОЕВАЛУАЦИЈА ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
- ОГРАНИЧУВАЊА
- ЗАШТИТА НА МАЛОЛЕТНИЦИ
- НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
ЗАШТИТА НА ИГРАЧИ ПРЕКУ ОДГОВОРНО ПРИРЕДУВАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИ ИГРИ
Тргнувајќи од стратешката определба на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија целта на работењето е постигнување на социјални придобивки преку финансирање на потребите на младите и спортот, културата и уметноста па се до образованието и науката, како и хуманитарните акции и здравствена заштита.
Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија има за цел да ги спречи, или кога тоа не е можно значително да ги намали негативните последици кои произлегуваат од неодговорното учество во игрите на среќа и забавните игри како и да ги спречи и значително да ги намали негативните последици за општеството поврзани со дејноста на приредување игри на среќа и забавни игри.
Согласно одредбите на Законот за игри на среќа и забавните игри (Службен весник на Република Македонија бр. 24/11...178/16 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 251/22) забрането е учеството во игрите на среќа и забавните игри кои ги приредува Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија на лица помлади од 18 години.
Исто така согласно погоре наведениот закон забрането е примање на уплати од лица помлади од 18 години на сите уплатно – исплатните места на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија.
Корисни совети кои можат да помогнат во тоа како може да биде спречено малолетните лица без знаење и дозвола од нивните родители односно старатели да се регистрираат, пријават и да учествуваат во игрите на среќа и забавните игри кои ги приредува Државна лотарија преку www.megawin.mk, можете да најдете на интернет страницата www.cyberpatrol.com
Заради овозможување на безбедно играње на игрите на среќа и забавните игри Државна лотарија препорачува инсталирање на филтер - софтвер, кој ќе овозможи ограничување на интернет пристапот од страна на децата и малолетниците.
Информации за законските ограничувања и безбедното играње на игрите на среќа може да се најдат на следните интернет страници: www.saferinternet.org и www.netnanny.com
Државна лотарија со примена на политиките за одговорно приредување игри на среќа и забавни игри има за цел значително намалување на патолошката појава на играње на игри на среќа и на забавните игри во нашето општество.
ОДГОВОРНОСТ КОН ИГРАЧИТЕ
Доставување на информации
Приредувањето на игрите на среќа и забавни игри со одговорен пристап кон сите засегнати страни вклучува јасно информирање на учесниците во игрите на среќа и забавните игри, без разлика дали тоа се однесува на веројатностите за добивка или мерки за спречување на прекумерно и неодговорно учество во игрите на среќа и забавните игри, се со цел да им овозможи на учесниците во игрите на среќа и забавните игри да донесат правилни одлуки за начинот на кои истите пристапуваат кон игрите на среќа и забавните игри кои се приредуваат. Сите информации треба да бидат јасни, прецизни и достапни во секое време. Поставувањето на информациите на видливи места е од суштинско значење за спроведување на политиката за одговорно приредување игри на среќа на Државна лотарија, при што истата се стреми информациите да направи достапни на секој играч со цел истите да може да ги прегледа.
Едукација на учесници во игри на среќа и забавни игри
Основната цел на Државна лотарија е навремено постапување со цел утврдување и спречување на негативните последици кои произлегуваат од прекумерното и неодговорното учество во игрите на среќа и забавните игри. Поради тоа Државна лотарија посвети особено внимание на јасно утврдување на стандардите пред се укажани од Европската асоцијација на приредувачи на лотариски игри и ТОТО кои овозможуваат изготвување на прецизни политики за одговорно приредување на игри на среќа и забавни игри како и насоки и политики за одговорно учество во игрите на среќа и забавните игри кои Државна лотарија ги приредува. Основната цел е намалување на ризикот од игрите на среќа и забавните игри за сите учесници во истите, особено оние учесници кои припаѓаат на ранливите општествени категории и малолетници.
Државна лотарија своите политики за одговорно приредување игри на среќа и забавни игри како и насоките и политиките за одговорно учество во игрите на среќа и забавните игри кои истата ги приредува ги темели на принципите на превенција, едукација и информираност. Со таа цел Државна лотарија се стреми овие принципи да ги популаризира со цел истите да бидат лесно достапни на сите засегнати страни. Користејќи ги принципите на информираност и едукација учесниците во игрите на среќа и забавните игри имаат можност да донесат правилна одлука околу нивното учество во игрите на среќа и забавните игри и активностите поврзани со нив. Крајната цел е превенција на појавата на неодговорно односно патолошко учество во игрите на среќа и забавните игри.
Неодговорно учество во игрите на среќа и забавните игри
Одговорното учество во игрите на среќа и забавните игри укажува на учество во истите во рамките на своите можности без очекувања за остварени профити. Доколку сметате дека вашето учество во игрите на среќа и забавните игри се темели на неодговорно и патолошко учество во истите, тогаш следните совети би можеле да ви бидат од помош:
Од исклучива важност е да имате контрола врз времето што го поминувате во игрите на среќа и забавните игри. Основната цел на игрите на среќа и забавните игри всушност е забава, па поради тоа и ние како Државна лотарија укажуваме дека истото не треба да биде сметано како начин на остварување профит или добивка. Учествувајте во игрите на среќа и забавните игри со оноклу средства колку што сте спремни да изгубите за забава а не за остварување на добивка. Игрите на среќа и забавните игри се дизајнирани на тој начин да обезбедат предност само за приредувачот па поради тоа самото учество во истите се темели на среќа а не на знаење или пак шеми кои овозможуваат добивка за учесникот.
Сите игри на среќа и забавни игри не дозволуваат учество во истите на малолетници а политиките за одговорно приредување игри на среќа и забавни игри кои Државна лотарија ги применува овозможуваат ограничување на учество во игрите на среќа и забавните игри на малолетници и информирање и едуцирање за истите до сите општествено ранливи категории на граѓани.
Токму поради погоренаведеното од исклучителна важност е корисничкиот профил и лозинка да ги чувате на недостапно место за малолетници а за дополнителна заштита на истите укажуваме да користите и софтвери со кои може да се блокираат веб страните за игри на среќа и забавни игри.
Барањето на помош поради неодговорно и патолошко учество во игрите на среќа и забавните игри е разумен избор за лицата кои се наоѓаат во тешка ситуација поради оваа навика. Разговорот со стручен кадар не само што помага во разбирањето на причините зад зависноста туку и ја насочува индивидуата кон потенцијални решенија за проблемот. Важно е да се знае дека советувањето е секогаш бесплатно и достапно за оние кои бараат помош.
Поради тоа на располагање е Јавната здравствена установа УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА – Скопје каде ќе може да го контактирате стручниот медицински персонал за помош:
- Телефон: +389 2 3147 302
- Email: psihijat@gmail.com
- Адреса: ул. Белградска бр. бб, Скопје
Покрај ова на располагање е и Јавната здравствена установа ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА СКОПЈЕ каде ќе може да го контактирате стручниот медицински персонал за помош:
- Телефон: +389 2 30 95 607
- E-mail: pbskopje@pbskopje.org.mk
- Адреса: ул. Скупи-20 бр. 56, Скопје
За повеќе информации ве замолуваме да се обратите на:
- Инфо е-меил: dpo@megawin.mk
ОДГОВОРНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
Одговорното учество во игрите на среќа и забавните игри подразбира играње кога располагате со средства, а не кога ви е најпотребно пари. Основниот мотив за учество во игрите на среќа и забавните игри треба да биде забавата а не надеж за остварување на добивка или профит. Одговорното учество во игрите на среќа и забавните игри вклучува јасно одредување на прифатливиот губиток (колку средства сте подготвени да одвоите за учество во игрите на среќа и забавните игри) пред самото учество во игрите на среќа и забавните игри на Државната лотарија.
1. Игрите на среќа и забавните игри играјте ги заради забава.
- Доколку повеќе не уживате во игрите на среќа и забавните игри, зошто би продолжиле да играте?
2. Парите кои ќе ги изгубите при учество во игрите на среќа и забавните игри, сметајте ги за цена на вашата забава.
- Секоја добивка сметајте ја за награда.
3. Одредете износ до кој планирате да одвоите и не го менувајте.
- Износот на средства за учество во игрите на среќа и забавните игри можете да го одредите во категоријата Ограничувања.
4. Одредете колку од своето време сакате да издвоите за играње на игри и држете се до тоа.
- Без оглед дали добивате или губите во еден момент, прекинете и заминете кога ќе истече времето кое сте го планирале.
5. Очекувајте загуба.
- Бидете свесни дека веројатноста да изгубите е поголема од веројатноста за постигнување на добивка.
6. Одредете правило да не играте игри на среќа и забавни игри на среќа на кредит.
- Не позајмувајте средства за учество во игрите на среќа и забавните игри.
7. Создадете рамнотежа во својот живот.
- Играњето игри на среќа и забавни игри не би смеело да ви пречи или да ви ги замени пријателите, семејството, работата или некои други активности.
8. Избегнувајте учество во игрите на среќа и забавните игри заради надоместување на загубени пари.
- Вашите загуби веројатно ќе бидат поголеми, што повеќе се обидувате да го вратите изгубеното.
9. Не играјте игри на среќа и забавни игри за да заборавите или да побегнете од емоционална или физичка болка.
- Во случај играњето игри на среќа и забавни игри да стане повеќе од забава, тоа може да биде вовед во проблеми.
10. Едуцирајте се и информирајте се со знаците на неодговорно учество во игрите на среќа и забавни игри.
- Што повеќе знаете, носите подобри одлуки во својот живот. На овој начин исто така полесно може да ги препознаете оние на кои им е потребна помош.
ЗНАЦИ НА ПРЕКУМЕРНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
Прекумерното и неодговорното учество во игрите на среќа и забавните игри може да се случи и без знаење на учесникот. Истото има бројни негативни последици кон безбедноста и добродетот на учесникот во игрите на среќа и забавните игри како и кон неговото семејство и пријатели.
Кога нагонот за учество во игрите на среќа и забавните игри е преголем и истиот учесникот не може да го контролира а самото учество во игрите на среќа и забавни игри резултира со штетни последици за учесникот или за другите луѓе околу него тогаш зборуваме за “неодговорно“ односно “патолошко“ учество во игрите на среќа и забавните игри.
Знаци и карактеристики за неодговорно учество во игрите на среќа и забавните игри:
- Играњето игри на среќа и забавни игри станува најважната и најинтересната работа во животот;
- Парите и времето потрошено на игрите на среќа и забавните игри постојано растат;
- Несвесност за лимитот на кој запира одговорниот учесник;
- Неуспешни обиди да се запре учеството во игрите на среќа и забавните игри;
- Не расположеност при одвоено време од учеството во игрите на среќа и забавните игри;
- Лажење за тоа колку време учествува во игрите на среќа и забавните игри и колку пари троши;
- Позајмување пари, краде или врши други незаконски дејствија со цел да се добијат пари за понатамошно учество во игрите на среќа и забавните игри;
- Занемарување на семејните, деловните и другите животни обврски поради игрите на среќа и забавните игри;
- Верувањето дека некој друг ќе ги подмири долговите кои произлегуваат од зависноста од учество во игрите на среќа и забавните игри;
- Проблеми со менталното здравје (депресија, анксиозност, раздразливост, чувство на беспомошност итн).
Редовната анализа на вашиот став околу донесените одлуки за учество во игрите на среќа и забавните игри е од исклучива важност за одлуките кои ги носите да бидат правилните одлуки со цел вашето учество во игрите на среќа и забавните игри да биде на одговорен и забавен начин. Прашалникот за самоевалуација може да ви помогне навремено да побарате стручна помош во случај на проблеми кои можат да се појават од неодговорното и прекумерното учество во игрите на среќа и забавните игри.
МИТОВИ ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
Иако повеќето од учесниците во игрите на среќа и забавните игри истото го прават поради различна форма на забава, голем дел од истите можеби не веруваат дека ваквата форма на забава може да доведе до неодговорно учество во игрите на среќа и забавните игри каде ваквите активности би ги довеле до зависнот. Вообичаено овие лица учествуваат во игрите на среќа и забавните игри во одредени периоди со поставен лимит и во форма на одговорен учесник во игрите на среќа и забавните игри.
Точно е дека многу лица можеби не се свесни дека нивните навики со време можат да прераснат во зависност, и честопати осознавањето на ова може да биде премногу касно. Зависноста може да се развие постепено, без да биде забележана како проблем. Потребно е постојано само свесно следење на своите дејствијата и навиките, како и редовна анализа за потенцијалната можност од зависност и потребата за помош доколку започнат да се појавуваат знаци и симптоми.
Истражувањето кое е спроведено од страна на Националниот орган за проблематично играње на игри на срека и забавни игри (National Council on Problem Gambling – SAD), покажува дека на годишно ниво 6 до 9 милиони државјани на САД имаат проблем со учество во игрите на среќа и забавните игри, а само мал дел од нив бараат помош во облик на советување или програма за самопомош.
Разоткривањето и демистификацијата на митовите поврзани со игрите на среќа и забавните игри може да биде значаен чекор во подигањето на свесноста околу овој проблем и во поттикнувањето на оние кои имаат потешкотии да побараат помош. Реалноста е дека игрите на среќа и забавните игри предизвикуваат зависност па токму поради тоа распознавањето за потребата за интервенција и стручна помош преставува предизвик за сите учесници..
Митовите за проблематично учество во игрите на среќа и забавните игри вклучуваат:
Мит: Учесниците во игрите на среќа и забавните игри се едноставно неодговорни, всушност може да престанат (да играат) да играат кога ќе посакаат.
Факт: Често се појавува митот дека учесниците во игрите на среќа и забавните игри се едноставно неодговорни и со слаба волја, што е невистинско. Вистинската природа на зависностите е комплексна и зависи од многу фактори, вклучувајќи генетска предодреденост, социјални влијанија и емотивни состојби. Луѓе со различни нивоа на одговорно однесување можат да се забележат како зависници, и зависноста често преминува во стадиум каде постапките на лицата стануваат неодговорни како дел од обидот да ја задржат контролата и да ја задоволат зависноста. Подигнувањето на свесноста околу оваа тема и истакнувањето на факторите што влијаат на развојот на зависноста може да помогне во подобрување на разбирањето и поддршката за лицата кои страдаат од оваа состојба.
Мит: Учеството во игрите на среќа и забавните игри всушност не е проблем доколку учесниците истото можат финансиски да си го дозволат.
Факт: Само затоа што луѓето имаат пари за трошење, не значи дека нивното однесување не е проблематично. Проблемот на учеството во игрите на среќа и забавните игри не е само финансиско прашање, туку и прашање што влијае на многу аспекти од животот на учесникот. Компулсивното учество може да има далеку поголеми влијанија врз работата и кариерата, односите со пријателите и семејството, психичкото здравје и општата добрососотјба на учесникот.
Мит: Компулсивните зависници учествуваат во игрите на среќа и забавните игри секој ден.
Факт: Кога учеството во игрите на среќа и забавните игри предизвикува психолошки, финансиски, семејни или емоционални последици, тогаш може да се толкува како зависност. Неодговорното учество во игрите на среќа и забавните игри може да биде различно за секоја индивидуа, и фреквенцијата на учество не мора да биде прецизен показател за проблемот. Посебно е значајно препознавањето на негативните последици и нивното влијание врз различните аспекти на животот на лицето, што потоа може да биде основа за потрага по помош и третман.
Мит: Зависниците својата потреба за учество во игрите на среќа и забавните игри ја задоволуваат со било која игра (се обложуваат на се и сешто).
Факт: Луѓето со неодговорно учество во игрите на среќа и забавните игри често развиваат поврзаност со кон одреден вид на игра, која поврзаност понатаму се развива во зависност и која зависност може да биде суштествено проблематична за нив. Ова може да биде поради различни фактори, вклучувајќи лични предиспозиции, искуства со добивка од играта, или динамиката на самата игра. Самата поврзаност со одредена игра може да допринесе за појавата на зависност и да создаде длабока врска меѓу личноста и таа конкретна активност. Разбирањето на овие врски и работењето со нив е важна компонента во третманот на зависностите.
Мит: Зависноста од учество во игри на среќа и забавни игри не ги погодува децата
Факт: Неодоговорното учество во игрите на среќа преставува значаен проблем како за адолесцентите така и за малолетните лица и лицата од ранливите категории. Поради неразвиената самоконтрола малолетниците се повеќе склони да развијат секаков вид на зависност вклучувајќи го и учеството во игрите на среќа и забавните игри.
Мит: Проблематичното и патолошко учество во игри на среќа и забавни игри лесно се препознава.
Факт: Описот на неодговорното учество во игрите на среќа и забавните игри како "скриена зависност" е вистински и открива важен аспект на оваа форма на зависност. Фактот дека нема препознатливи физички симптоми, како кај зависностите од алкохол и дрога, може да го направи тешко препознавањето и признавањето на проблемот, и истовремено ваквиот начин го олеснува криењето на овој вид на зависност. Истиот механизам на остварување на добивка односно награда може да предизвика слични ефекти како конзумирањето на супстанции, што води до потреба за повторување на постапките и постојано барање на истата доживеана состојба. Подигнувањето на свесноста за овие аспекти и обезбедувањето на соодветна помош за оние кои се соочуваат со проблем може да биде главен фактор во предупредувањето и третманот на проблематичното учество во игрите на среќа и забавните игри.
САМОЕВАЛУАЦИЈА ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
Доколку сметате дека неодговорно пристапувате кон учеството во игрите на среќа и забавните игри или пак сте загрижени дека игрите на среќа и забавните игри негативно влијаат на нечиј друг живот, поставете си ги следните 20 прашања:
- Дали некогаш сте изостанале од работа, факултет или сте ги запоставиле своите обврски поради играње игри на среќа и забавни игри?
- Дали играњето игри на среќа и забавни игри влијаело на Вашиот семеен живот?
- Дали играњето игри на среќа и забавни игри лошо влијаело на Вашиот углед?
- Дали некогаш сте почувствувале грижа на совест по играње игри на среќа и забавни игри?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа и забавни игри за да ги отплатите долговите или да ги решите финансиските тешкотии?
- Дали играњето игри на среќа и забавни игри влијаело на Вашите амбиции или ефикасност?
- Дали по загубата сте почувствувале дека мора да го вратите изгубениот износ?
- Дали по добивката, имате силна потреба уште да освојувате?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа и забавни игри се додека не сте го потрошиле и последниот денар?
- Дали некогаш сте позајмиле пари за игри на среќа и забавни игри?
- Дали некогаш сте продале нешто за да имате пари за играње игри на среќа и забавни игри?
- Дали парите од добивката или оние наменети за игри на среќа и забавни игри со тешко срце ги користите за вообичаените животни трошоци?
- Дали станавте невнимателни поради игрите на среќа и забавни игри па ја запоставивте својата или благосостојбата на Вашето семејство?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа и забавни игри подолго од планираното?
- Дали игрите на среќа и забавните игри ви преставуваат обид за бегство од грижи, тешкотии, досада или осаменост?
- Дали некогаш сте размислувале или сте направиле некоја противзаконска работа за да присоберете пари за игрите на среќа и забавните игри?
- Дали некогаш игрите на среќа и забавните игри Ви предизвикале тешкотии со спиење или несоница?
- Дали играњето на игри на среќа и забавни игри предизвикуваат караници, разочарувања или фрустрации кај Вас?
- Дали по некој среќен настан имате ли желба да се почестите со неколку часа играње на игри на среќа и забавни игри?
- Дали сте помислиле на самоубиство поради проблемите кои ги предизвикало Вашето играње игри на среќа и забавни игри?
Соберете ги одговорите со ДА.
Колку повеќе потврдни одговори имате, толку е поверојатно дека имате сериозен проблем со играњето на игри на среќа.
Укажуваме дека:
Игрите на среќа и забавните игри се наменети само за забава.
Свесноста за границите и препознавањето на знаците дека учеството во игрите на среќа и забавните игри може да прерасне во проблем или зависност е критично. Одлучувањето да се побара помош веднаш кога се препознаат овие знаци може значително да помогне во третирањето на проблемот пред истиот да прерасне во нешто посериозно.
Претпазливоста и отвореноста за признавање дека можеби постои проблем се сметаат за мудри и корисни чекори. Потрагата за помош може да биде прв чекор кон враќање на контрола и забрзување на патот кон опоравување.
ОГРАНИЧУВАЊА
На вашиот кориснички профил можете да го одредите периодот каде вашиот профил ќе биде блокиран за игра на игри на среќа и забавни игри или пак можете да го ограничите износот на средства за игра во игрите на среќа и забавните игри на Државна лотарија.
ЗАШТИТА НА МАЛОЛЕТНИЦИ
Согласно одредбите на Законот за игрите на среќа и забавните игри (Службен весник на Република Македонија бр. 24/11...178/16 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 251/22) забрането е учеството во игрите на среќа кои ги приредува Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија на лица помлади од 18 години.
Исто така согласно погоре наведениот закон забрането е примање на уплати од лица помлади од 18 години на сите уплатно – исплатните места на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија.
Корисни совети кои можат да помогнат во тоа како може да биде спречено малолетните лица без знаење и дозвола од нивните родители односно стратели да се регистрираат, пријават и да учествуваат во игрите на среќа и забавните игри кои ги приредува Државна лотарија преку www.megawin.mk, можете да најдете на интернет страницата www.cyberpatrol.com
Заради овозможување на безбедно играње на игрите на среќа Државна лотарија препорачува инсталирање на филтер - софтвер, кој ќе овозможи ограничување на интернет пристапот од страна на децата и малолетниците.
Информаци за законските ограничувања и безбедното играње на игрите на среќа може да се најдат на следните интернет страници: www.saferinternet.org и www.netnanny.com
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Како да знам дали играм прекумерно?
Кои алатки можам да ги користам за да ја контролирам мојата игра?
Како да поставам ограничување?
Која е веројатноста да се оствари добивка?
Кому да се обратам за стручна помош поради проблеми со прекумерна игра?
1. Како да знам дали играм прекумерно?
[ ↑ ]Прекумерното и неодговорното учество во игрите на среќа и забавните игри може да се случи и без знаење на учесникот. Истото има бројни негативни последици кон безбедноста и добродетот на учесникот во игрите на среќа и забавните игри како и кон неговото семејство и пријатели.
Кога нагонот за учество во игрите на среќа и забавните игри е преголем и истиот учесникот не може да го контролира а самото учество во игрите на среќа и забавни игри резултира со штетни последици за учесникот или за другите луѓе околу него тогаш зборуваме за “неодговорно“ односно “патолошко“ учество во игрите на среќа и забавните игри.
Знаци и карактеристики за неодговорно учество во игрите на среќа и забавните игри:
- Играњето игри на среќа и забавни игри станува најважната и најинтересната работа во животот;
- Парите и времето потрошено на игрите на среќа и забавните игри постојано растат;
- Несвесност за лимитот на кој запира одговорниот учесник;
- Неуспешни обиди да се запре учеството во игрите на среќа и забавните игри;
- Не расположеност при одвоено време од учеството во игрите на среќа и забавните игри;
- Лажење за тоа колку време учествува во игрите на среќа и забавните игри и колку пари троши;
- Позајмување пари, краде или врши други незаконски дејствија со цел да се добијат пари за понатамошно учество во игрите на среќа и забавните игри;
- Занемарување на семејните, деловните и другите животни обврски поради игрите на среќа и забавните игри;
- Верувањето дека некој друг ќе ги подмири долговите кои произлегуваат од зависноста од учество во игрите на среќа и забавните игри;
- Проблеми со менталното здравје (депресија, анксиозност, раздразливост, чувство на беспомошност итн).
Во случај на проблеми со прекумерна или патолошка игра, побарајте стручна помош.
2. Кои алатки можам да ги користам за да ја контролирам мојата игра?
[ ↑ ]Mногу е важно учесниците во игрите на среќа и забавните игри да ги знаат своите граници и да се придржуват до нив.
За таа цел, имплементиравме голем број функционалности преку опциите за ограничувања и самоисклучување со кои можете да дејствувате превентивно и да постигнете подобра контрола врз вашата игра.
3. Како да поставам ограничување?
[ ↑ ]На вашиот кориснички профил можете да го одредите периодот каде вашиот профил ќе биде блокиран за игра на игри на среќа или пак можете да го ограничите износот на средства за игра во игрите на среќа на Државна лотарија.
4. Која е веројатноста да се оствари добивка?
[ ↑ ]Одговорот можете да го најдете во правилата за игра на среќа за секоја поединечна игра која ја приредува Државна лотарија.
5. Кому да се обратам за стручна помош поради проблеми со прекумерна игра?
[ ↑ ]На располагање е Јавната здравствена установа УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА – Скопје каде ќе може да го контактирате стручниот медицински персонал за помош:
- Телефон: +389 2 3147 302
- Email: psihijat@gmail.com
- Адреса: ул. Белградска бр. бб, Скопје
Покрај ова на располагање е и Јавната здравствена установа ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА СКОПЈЕ каде ќе може да го контактирате стручниот медицински персонал за помош:
- Телефон: +389 2 30 95 607
- E-mail: pbskopje@pbskopje.org.mk
- Адреса: ул. Скупи-20 бр. 56, Скопје
За повеќе информации ве замолуваме да се обратите на:
- Инфо е-меил: dpo@megawin.mk