1. Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
2. Времетраење на Играта
2. Играта се приредува во период од 07.04.2025 г. до 20.04.2025 г.
3. Услови за учество во Играта
3. Во Играта може да учествува само учесник кој одговара во исто време и ги исполнува следните критериуми:
3.1.1. Учесникот има регистрирано корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk, која е активна, односно не е деактивирана или блокирана и против која нема ограничување, односно забрана за учество во бонус игри.
3.1.2. Учесникот е направил влез во системот (во својата корисничка сметка на megawin.mk) во периодот опишан во точка 2 и ја посетил страницата на Играта.
3.2. Специјален услов за добивање на повеќе од 1 (една) бонус добивка: Учесникот има направено промет од облози со реални средства на игрите кои се приредуваат на веб страната и има пополнето скалата на напредок која се визуелизира на страната на Играта. Скалата може да биде пополнета до 9 пати во периодот на Играта.
3.2.1. За генерирање на промет при игра во Виделотарија се признаваат само облозите со реални средства, направени во игрите опишани со Процент на Принос поголем од 0% во ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ПОНУДА И КОРИСТЕЊЕ БОНУС за игра во секција Виделотарија.
3.2.2. За генерирање на промет при игра во Спорт се признаваат само облозите кои што одговараат на следните услови:
- Единични (Сингл) облози во секцијата „Спорт“ при коефициент 1.50 или повисок; Облози во колона (тикет) со коефициент 1.30 за секоја селекција (настан) или повисок.
- Определени облози, направени по почетокот на играта и кои што не се анулирани, откажани или определени со кеш аут.
- Само првиот определен облог за Тип на игра во рамките на Средбата (натпревар) генерира промет.
- Покрај горенаведеното, важат и сите други правила и услови на ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ПОНУДА И КОРИСТЕЊЕ БОНУС за игра во секција Спорт.
4. Видови бонус добивки:
Видови бонус добивки кои може да бидат освоени од Играта се:
- MYSTERY PRIZE
- FREE SPINS
- ПОНУДА ЗА ДЕПОЗИТ БОНУС
- БОНУС ПАРИ ЗА ИГРА НА ВЕБ-СТРАНАТА
Износот на бонус добивките се определува од Приредувачот и се објавуваат на страната на Играта.
5. Определување на добивките
5.1 Добивката и видот на бонус добивка се определуваат при усогласување на следните правила:
- Во периодот на приредување на Играта, учесникот има право еднаш да избере од 9 (девет) виртуелни велигденски јајца и да "скрши" (избере) бесплатно 1 (едно), во случаите кога се исполнети условите на чл.3.1
- Во периодот на приредување на Играта, учесникот има право да избере од останатите 8 (осум) виртуелни велигденски јајца и да "скрши" уште до 8 (осум), во случаите кога се исполнети условите на чл.3.1 и 3.2.
- Во периодот на приредување на Играта, учесникот има право да отвори и 1 (едно) виртуелно "златно" велигденско јајце, во случаите кога се исполнети условите на чл.3.1 и 3.2., и ја има пополнето скалата 9 пати.
- Велигденските јајца, опишани во претходните букви, содржат некоја од опишаните во точка 4 бонус добивки.
- Бонус добивките се распределуваат преку генератор на случајни броеви.
6. Добивање на добивките
1. Добивките од видот „MYSTERY PRIZE“, „FREE SPINS“, „БОНУС ПАРИ ЗА ИГРА НА ВЕБ-СТРАНАТА“ се надополнуваат на бонус балансот на корисничката сметка на профилот на учесникот.
2. Услови за разигрување (превртување) на бонус добивките:
- MYSTERY PRIZE – превртување 1 пат во секција „Видеолотарија“ или 1 пат во секција „Спорт“;
- FREE SPINS – превртување 1 пат во секција „Видеолотарија“ или 1 пат во секција „Спорт“;
- ПОНУДА ЗА ДЕПОЗИТ БОНУС – важат условите во понудата;
- БОНУС ПАРИ ЗА ИГРА НА ВЕБ-СТРАНАТА – превртување 40 пати во секција „Видеолотарија“ или 10 пати во секција „Спорт“;
Рок за користење на бонус добивките: 24 ч., по што се губат.
7. Права на Приредувачот
7.1. Приредувачот има право слободно да ги определува условите за промет, во секое време да ги промени условите на Играта или да ја прекине истата. Решенијата се земаат по слободна преценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска да ги информира учесниците за суспензија, прекинување или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
7.2. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои што ги прекршуваат правилата и/или користата или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри/бонуси или слично.
7.3. Приредувачот има право во секое време да ги промени еднострано овие Правила, со тоа што измените стапуваат на сила согласно на точка 7.4.
7.4. Овие правила стапуваат на сила од нивно објавување на веб страната www.megawin.mk.