1. ОПШТИ ПРАВИЛА
1. Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
2. ПЕРИОД НА ПРИРЕДУВАЊЕ
2.1. Играта се одржува во периодични изданија, при што активните периоди на играта се објавуваат на страницата на Играта.
3. УЧЕСТВО
3.1. Во Играта можат да учествуваат само полнолетни деловно способни физички лица кои имаат статус на учесници во смисла на Општите услови и ги исполнуваат следните услови:
a/ Учесникот поседува корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk, кој не е деактивиран или блокиран, ниту пак има ограничување/забрана за учество во бонус игри;
b/ Корисничкиот профил на учесникот е верифициран;
c/ Специјален услов: За да учествува повеќе од 1 пат во Играта, учесникот треба да има направено успешен депозит за учество во онлајн игрите на веб страната www.megawin.mk во рамките на периодот наведен на страницата на Играта.
3.2. Приредувачот овозможува учество во Играта само на учесници кои ги исполнуваат условите утврдени во овие правила, Општите услови за користење на веб страната megawin.mk, како и Општите бонус правила на веб странaта. Во посебни случаи предвидени во Општите услови и/или Општите бонус правила, Приредувачот може да го ограничи учеството во играта за одреден учесник или група учесници.
4. БОНУС ДОБИВКИ
4.1. Приредувачот ќе доделува добивки како што се:
- Бонус пари за игра на веб страната;
- Бесплатни вртења (FREE SPINS);
- Бесплатен облог (FREE BET);
- Бонус понуди;
4.2. Паричните добивки (Пари за игра) се исплаќаат на добитникот на неговата игрална сметка поврзана со корисничкиот профил на веб страната megawin.mk.
4.3. За користење на добивките од типот бонус пари за игра, FREE SPINS и FREE BET важат Општите бонус правила на веб страната www.megawin.mk.
4.4. За бонус понудите важат условите наведени во самите понуди.
4.5. Еден учесник може да освои повеќе од една добивка во рамките на Играта.
4.6. Видовите добивки и нивните вредности за секое периодично издание се објавуваат на страницата на Играта.
5. ПРАВИЛА НА ИГРАТА. ОДРЕДУВАЊЕ НА ДОБИВКИТЕ
5.1. Освојувањето и видот на добивка наведени во т.4.1 се утврдуваат според следните правила:
5.2. Секој ден во текот на периодот на Играта, учесникот има право да избере и отвори една од шесте „бонус детелини“ прикажани на играчката карта. По отворањето на „бонус детелината“, учесникот може да добие:
- директна добивка;
- симболи за добивка, кои автоматски се пополнуваат на играчката карта;
5.3. За освојување добивка со симболи, учесникот треба да собере одреден број и вид симболи прикажани на играчката карта. При собирање на сите симболи од еден вид, учесникот освојува добивка која е наведена за нив на играчката карта.
5.4. Добивките се распределуваат преку генератор на случајни броеви.
6. Права на Приредувачот
6.1. Приредувачот има право слободно да ги определува условите за промет, во секое време да ги промени условите на Играта или да ја прекине истата. Решенијата се земаат по слободна преценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска да ги информира учесниците за суспензија, прекинување или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
6.2. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои што ги прекршуваат правилата и/или користата или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри/бонуси или слично.
6.3. Приредувачот има право во секое време да ги промени еднострано овие Правила, со тоа што измените стапуваат на сила согласно на точка 6.4.
6.4. Овие правила стапуваат на сила од нивно објавување на веб страната www.megawin.mk.