1. Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра"), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото" или „Приредувачот").
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
2. Период
2.1. Играта се спроведува во периодот од 11.06.2026 година до 19.07.2026 година (вклучително).
2.2. Играта ќе се одвива на неделна основа, од 00:00 часот во соодветниот четврток до 23:59 часот во соодветната среда, при што последниот период е од 09.07.2026 (четврток) 00:00 часот до 19.07.2026 (недела) 23:59 часот.
2.3. Периодите се распределени како што следува:
- Недела 1: 11.06.2026 – 17.06.2026
- Недела 2: 18.06.2026 – 24.06.2026
- Недела 3: 25.06.2026 – 01.07.2026
- Недела 4: 02.07.2026 – 08.07.2026
- Финален период: 09.07.2026 – 19.07.2026
2.4. Приредувачот има право да го измени периодот или периодите на спроведување на Играта.
3. Услови и начини за учество во Играта
3.1. Во Играта може да учествува само учесник кој истовремено ги исполнува следните услови:
- а. Учесникот да поседува активен кориснички профил на www.megawin.mk, кој не е деактивиран, блокиран или ограничен за учество во бонус игри.
- б. Учесникот да се најавил во својот кориснички профил во периодот на траење на Играта наведен во точка 2 и ги исполнил условите на Играта наведени подолу.
- в. Учесникот да остварил промет со облози со реални средства на определени игри понудени на веб-страницата (наведени на страницата на Играта) и најмалку еднаш ја пополнил виртуелната прогрес скала до 100%. Прометот остварен за други бонуси, бонус игри и/или бонус понуди кои се активни во истиот период, не се пресметува за учество во оваа Игра.
- 1. Се применуваат сите други услови од Општите бонус правила и услови за игра во секцијата Видеолотарија, на игри со процент на придонес поголем од 0%.
- 2. Игрите од серијата Bar Link во секцијата 7777 Gaming учествуваат во исполнување на специјални мисии за преминување на повисоко ниво.
Скалата може да се пополни до 8 пати во секој од периодите на Играта. Етапите/нивата на пополнување и соодветните награди за секој период се објавуваат на страницата на Играта.
Наградниот фонд за секое ниво се распределува подеднакво меѓу сите учесници кои го достигнале тоа ниво на крајот од соодветниот период на Играта.
Пример:
- Учесник достигнал 3-то ниво и учествува во распределба на награден фонд од 10.000 Free Spins заедно со уште 2.000 учесници. Во неговата корисничка сметка ќе бидат доделени 5 Free Spins.
(10 000 Free spins / 2 000 учесници = 5 Free spins) - Учесник достигнал 6-то ниво и учествува во распределба на 500.000 МКД бонус пари заедно со уште 5.000 учесници. Во неговата корисничка сметка ќе бидат доделени 100 МКД Бонус пари.
(500 000 мкд Бонус пари/ 5000 учесници = 100 мкд Бонус пари)
3.2. Услови за пополнување на скалата
3.2.1. Пополнувањето на скалата и преминувањето на следно ниво може да се реализира на следниот начин:
Преминувањето на следно ниво може да се оствари на два начина:
- 1/ Учесникот пополнува виртуелна скала преку поставување облози со реални средства на игри наведени на страницата на Играта;
- или
- 2/ Учесникот исполнува специјални мисии поврзани со игрите од серијата Bar Link во секцијата 7777 Gaming, при што условите се наведени на страницата на Играта.
Учесникот може да избере кој било од понудените услови, а исполнувањето на кој било од нив го поместува едно ниво погоре и ги активира новите услови за следното ниво.
3.3. Пренос на напредок помеѓу недели
Секоја недела учесниците започнуваат со почетен промет за првото ниво што одговара на 10% за секое достигнато ниво од претходната недела.
Пример: Доколку учесникот достигнал ниво 4 во Недела 2 од кампањата, тогаш на почетокот на Недела 3 ќе започне со скала за прво ниво која е однапред пополнета 40%.
4. Учество во извлекување на добивки
4.1. Учество во извлекување за добивки може да се добие на следните начини:
- Со пополнување на скалата до нивоата наведени на страницата на Играта, кои овозможуваат вклучување во извлекувањето
- За секое ниво се добива различен број учества, согласно условите објавени на страницата на Играта.
4.2. Добивките што можат да се освојат преку извлекувањето се исплаќаат како Бонус пари, а нивниот износ е објавен на страницата на кампањата.
4.3. Извлекувањето се спроведува ден по завршувањето на секој период од кампањата, согласно точка 2.3. Добитниците се известуваат согласно точка 6.2.
5. Видови добивки / награди
Добивките што можат да се освојат во Играта се:
- Free Spins
- Бонус пари
Добивките од типот „Free Spins“ се со номинална вредност од 5 МКД, без услов за превртување, и се наменети за играта „Cash 5“ на 7777 Gaming.
Добивката „Free Spins“ се заокружува по нагорна линија.
Примери:
- 1.2 Free Spins = 2 Free Spins
- 2.7 Free Spins = 3 Free Spins
Вредноста на Бонус парите што можат да се освојат преку извлекувањето:
- За сите недели: 1х 500.000 мкд бонус
6. Одредување на добивките
6.1. Распределбата на наградниот фонд за секое од 8-те нивоа се врши подеднакво меѓу сите учесници кои го достигнале соодветното ниво и се реализира по 23:59 часот на последниот ден од соодветниот период.
6.2. Резултатите од извлекувањата се објавуваат на веб-страницата.
7. Добивање на добивките
7.1. Free Spins се доделуваат директно на корисничкиот профил на учесникот и треба да се искористат во рок од 24 часа од нивното добивање.
7.2. Бонус парите се доделуваат на бонус сметката на учесникот и треба да се искористат согласно условите наведени во самиот бонус.
8. Права на Приредувачот
8.1. Приредувачот има право слободно да ги определува условите за промет, во секое време да ги промени условите на Играта или да ја прекине истата. Решенијата се земаат по слободна преценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска да ги информира учесниците за суспензија, прекинување или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
8.2. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои што ги прекршуваат правилата и/или користата или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри/бонуси или слично.
8.3. Приредувачот има право во секое време да ги промени еднострано овие Правила, со тоа што измените стапуваат на сила согласно на точка 8.4.
8.4. Овие правила стапуваат на сила од нивно објавување на веб страната www.megawin.mk.