Како да се регистрирате на веб-страната www.megawin.mk ?
За да креирате корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk, потребно е да го пополните формуларот за регистрација на веб страната, кој се појавува кога ќе кликнете на копчето „РЕГИСТРИРАЈ“ кое се наоѓа во горниот десен агол на веб страната. Имајте предвид дека пополнувањето на сите полиња наведени во формуларот за регистрација е задолжително.
Потребно е да ги внесете следните податоци:
- Име презиме;
- Дата на раѓање;;
- ЕМБГ;
- Телефонски број за контакт;
- Банкарска сметка/Трансакциска сметка;
- е-маил адреса;
- Лозинка за пристап до вашата корисничка сметка на www.megawin.mk;
- Државјанство;
- Град и адреса;
- Регион според лична карта.
Како да го завршам процесот на регистрација и да ја активирам мојата корисничка сметка?
За да ја завршите регистрацијата, треба да внесете важечки телефонски број, на кој ќе добиете СМС КОД за потврда на регистрацијата. Кодот мора да се внесе во рок од 15 минути или регистрацијата нема да се обработи.
Може ли да регистрирам повеќе кoриснички сметки од еднаш?
Секој учесник на www.megawin.mk има право да регистрира само една корисничка сметка. Формуларот за регистрација бара лични податоци кои се единствени за секој учесник. Не може да се регистрираат повеќе кориснички сметки со истите информации.
Може ли да ги уредувам личните податоци од мојата корисничка сметка и кои податоци можам да ги променам?
Можете да ги промените внесените адреса, град и телефонски број во менито „Промени податоци“ во „Мој профил“. Ако треба да промените други лични податоци, ве молиме контактирајте го „Одделот за клиенти“ со цел да добиете детални информации и помош.