Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
Период на приредување на Играта
2.1. Играта се приредува во периодот од 16.12.2024 г. до 15.01.2025 г.
УЧЕСТВО
3.1. Во играта можат да учествуваат само полнолетни физички лица кои имаат статус на учесници според Општите услови и кои ги исполнуваат и ги реализираат следниве услови:
- Учесникот поседува корисничка сметка на веб-страната megawin.mk, кој не е деактивиран или блокиран, или за кој нема поставено ограничување/забрана за учество во бонус игри.
- Учесникот извршил успешен депозит за учество во интернет игрите на megawin.mk, и/или извршил превртување на облози со реални средства во интернет игрите на megawin.mk, во согласност со условите опишани во следните точки на овие правила.
3.2. Приредувачот обезбедува можност за учество во Играта само за учесници кои ги исполнуваат условите утврдени во овие правила, како и во Општите услови за користење на веб-страната megawin.mk. Во посебните случаи во Општите услови, Приредувачот може да го ограничи учеството во играта за конкретен учесник или група учесници.
ДОБИВКИ и НАГРАДИ
4.1. Учесниците можат да добијат некои од следните добивки:
Број добивки |
Вредност на добивка |
Награден фонд во МКД |
1 |
500 000 МКД |
500 000 |
5 |
200 000 МКД |
1 000 000 |
2 |
150 000 МКД |
300 000 |
4 |
100 000 МКД |
400 000 |
10 |
50 000 МКД |
500 000 |
16 |
30 000 МКД |
480 000 |
20 |
20 000 МКД |
400 000 |
45 |
10 000 МКД |
450 000 |
Вкупен бр. добивки: |
|
Вкупен награден фонд во МКД: |
Освен опишаните погоре добивки, Приредувачот ќе обезбеди и други добивки, како:
- ВИП поени;
- Free Spins;
- Бонус понуди;
- Бонус пари за игра;
- Мystery prize.
4.2. Добивките се исплаќаат како бонус, а парите за игра на веб-страната се додаваат на бонус салдото на профилот на Учесникот по нивното добивање.
4.3. За бонус парите за игра важат условите, опишани во нив.
4.4. За користењето на ВИП поените и Free Spins, важат Општите бонус правила на веб-страната megawin.mk.
4.5. За бонус понудите важат условите, опишани во нив.
4.6. Еден учесник може да освои повеќе од 1 добивка од наведените во точка 4.1 во рамките на Играта.
ПРАВИЛА ЗА ИГРА. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБИВКИТЕ И НАГРАДИТЕ
5. Добивање и видот на добивката по т. 4.1 се определуваат при придржувањена следните правила:
ИГРА 1
5.1. Игра 1 се одржува секој ден во периодот од 16.12.2024 г. до 15.01.2025 г.
5.2 На учесникот му се визуелизира карта за игра. На картата за игра се наведени добивките кои можат да се освојат од Игра 1 во соодветниот ден. Со кликање на полето на картата за игра, автоматски започнува анимација која открива дали учесникот ќе добие или не во Игра 1. За да се освои добивка од Игра 1, по започнувањето на анимацијата и откривањето на информациите на картата за игра, учесникот треба да има 3 исти симболи во 1 ред. При исполнување на условот од претходната реченица, учесникот ја освојува добивката која е наведена на редот каде се наоѓаат трите исти симболи.
5.3. Распределувањето на наградите се определува преку генератор на случаен избор.
ИГРА 2
5.4. Игра 2 се одржува секој ден во периодот од 16.12.2024 г. до 15.01.2025 г. На учесникот, кој добил право да учествува во Игра 2, му се визуелизира карта за игра. При кликнување на полето на картата за игра, автоматски се открива за која категорија подароци може да игра учесникот на соодветниот ден. Подароците според претходната реченица можат да бидат во една од следниве категории: „сребрени“, „златни“ или „дијамантски“.
5.5. Откако учесникот ќе открие за која категорија подароци ќе игра, треба да притисне копчето „Продолжи“, за да го активира учеството во Игра 2. По исполнување на условот од претходната реченица, учесникот има право на 1 (едно) дневно бесплатно вртење на виртуелно „тркало на среќата“. По завртувањето на тркалото, учесникот добива право да отвори од 2 до 5 „виртуелни подароци“ на визуализираната карта за игра, зад кои се крие симбол кој автоматски ќе се пополни на соодветното место во „Елка на среќата“. За да добие право на уште до 4 завртувања на тркалото во рамките на 1 ден, учесникот треба да ја пополни визуелизираната виртуелна скала на напредок, при што за напредокот се земаат во предвид поставените облози со реални средства.
5.6 За да стекне една добивка, учесникот треба да собере определен број симболи за неа. При собирањето на сите симболи од еден ред на „Елка на среќата“, учесникот се стекнува со добивка која одговара на нив и е наведена на „Елка на среќата“.
5.7. Симболите се распоредуваат преку генератор на случаен избор. Симболите освоени во рамките на еден ден не се зачувуваат и/или пренесуваат за следниот ден во текот на периодот на одржување на играта.
5.8 Секој ден од 16.12.2024 г. до 15.01.2025 г., учесникот, кој добил право да игра за категоријата „сребрени“ подароци, во случај да ги исполни сите услови и ги добие сите подароци за оваа категорија, добива право да игра за подароци од категоријата „златни“ подароци. Аналогно на опишаното во претходното реченица, учесникот, кој добил право да игра за категоријата „златни“ подароци, во случај да ги исполни сите услови и ги добие сите подароци за оваа категорија, добива право да игра за подароци од категоријата „дијамантски“ подароци.
Права на Приредувачот
7.1. Приредувачот има право во секое време да ги промени условите на Играта или да ја прекине истата. Решенијата се земаат по слободна проценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска да ги информира учесниците за суспензија, прекинување или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
7.2. Правата по предходната алинеја Приредувачот може да ги практикува за определен Учесник, за група Учесници, или за сите Учесници.
7.3. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои што ги прекршуваат правилата и/или користата или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри/бонуси или слично.
7.4. Приредувачот има право во секое време да ги промени еднострано овие Правила, со тоа што измените стапуваат на сила согласно на точка 7.5.
7.5. Овие правила стапуваат на сила од нивно објавување на веб страната www.megawin.mk.