1. ПРИРЕДУВАЧ НА НАГРАДНАТА ИГРА:
Приредувач на наградната игра е Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ со седиште на бул.„Гоце Делчев“ бр.8, п.ф. 506, 1000 Скопје.
2. ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА:
Наградната игра ќе се приредува со цел рекламирање на игри на среќа на друштвото преку веб-страната www.megawin.mk на Државна лотарија.
3. ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА:
ИМЕ: Наградната игра е со назив:„ВИП ТОМБОЛА“,
ОПИС: Во наградната игра „ВИП ТОМБОЛА“ може да учествуваат сите полнолетни физички лица државјани на Република Северна Македонија или странски државјани со регулиран времен престој во Република Северна Македонија, кои што се регистрирани за онлајн учество во игрите на среќа на Државна лотарија на веб-страната www.megawin.mk односно кои имаат статус на учесници во смисла на ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Наградната игра ќе се приредува во период од 15.07.2024 година, заклучно со 31.10.2024, преку веб-страната www.megawin.mk.
4. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА:
Во наградната игра „ ВИП ТОМБОЛА “ може да учествуваат сите полнолетни физички лица државјани на Република Северна Македонија или странски државјани со регулиран времен престој во Република Северна Македонија, кои што се регистрирани за онлајн учество во игрите на среќа на Државна лотарија на веб-страната www.megawin.mk односно кои имаат статус на учесници во смисла на ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму.
Условите кои учесниците е потребно да ги исполнат се:
- Учесникот треба да има корисничка сметка на веб-страната www.megawin.mk која не е деактивирана или блокирана или која не е ограничена/забранета за учество во бонус игри/наградни игри.
- Учесникот има вложено најмалку 1 (еден) успешен депозит за учество во онлајн игрите на веб страната www.megawin.mk.
- Да добие минимум еден тикет со коj обезбедува учество во наградната игра. За добивка на еден тикет се користат 60 ВИП поени од неговата корисничка сметка кои ги стекнува со играње на веб страната. Секоj учесник може да добие повеќе од еден тикет со кои ќе учествува во наградната игра.
- Дадени изјави за согласност за учество во Наградната игра со прифатени правила и услови од истата.
Учесниците во наградната игра „ ВИП ТОМБОЛА “ која се приредува на веб-страната www.megawin.mk, потребно е внимателно да ги прочитаат и да ги прифатат условите за учество, односно правилата на наградната игра.
Со прифаќање на условите за учество на наградната игра секое лице ќе треба да изјави под материјална, морална и кривична одговорност дека е полнолетно лице во моментот на прифаќање на условите за учество на наградната игра и да даде изјава за согласност за користење на неговите лични податоци. Со давање согласност за учество во наградната игра „ ВИП ТОМБОЛА “ учесникот може да учествува и да оствари повеќе од предвидените награди во овие правила согласно динамиката на извлекување односно добивање на наградите.
Приредувачот дава можност за учество во наградната игра „ ВИП ТОМБОЛА “ само на учесниците кои ги исполнуваат, односно соодветно, ги исполниле условите утврдени во овие правила, како и ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму. Во посебните случаи предвидени во ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ), Приредувачот може да го ограничи учеството во наградната игра „ ВИП ТОМБОЛА “ на одреден учесник или група учесници.
Услови за учество во 4 чекора:
1. Учесникот треба да има корисничка сметка на веб-страната www.megawin.mk која не е деактивирана или блокирана или која не е ограничена/забрана за учество во бонус игри/наградни игри.
2. Учесникот има вложено најмалку 1 (еден) успешен депозит за учество во онлајн игрите на веб страната www.megawin.mk.
3. Да добие минимум еден тикет со коj обезбедува учество во наградната игра. За добивка на еден тикет се користат 60 ВИП поени од неговата корисничка сметка кои ги стекнува со играње на веб страната. Секоj учесник може да добие повеќе од еден тикет со кои ќе учествува во наградната игра.
4. Дадени изјави за согласност за учество во Наградната игра со прифатени правила и услови од истата.
Секој учесник со прифаќањето на условите за учество во наградната игра се согласува неговите лични податоци да се користат за потребите на наградната игра во случај на добивање на некоја од наградите.
Приредувачот нема обврска да ги исплати наградите на учесниците кои не ги исполнуваат условите утврдени во оваа наградна игра.
5. ВИДОВИ НАГРАДИ
Наградата од наградната игра „ ВИП ТОМБОЛА “ е БМВ 2 Гранд Купе
6. ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Награди и видот на наградите се одредува според следниве правила:
Начин: Извлекувањето за одредување на добитникот се врши со помош на генератор на случајни броеви.
Место: Просториите на Државна Лотарија бул.„Гоце Делчев“ бр.8 Скопje
Контрола: Формирана е три члена комисиja за утвърдување на регуларноста на извлекувањето согласно правилата.
Датум: Извлекувањето се врши на датум наведен од Приредувачот, 01.11.2024 во 12:00 часот. Информациите за датумот на извлекување се објавуваат на веб страната www.megawin.mk.
Се извлекуваат еден учестник за главната и единствена добивка на оваа наградна игра.
Приредувачот го прогласува добитникот и го известува преку системска порака во неговата корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk и истиот го објавува на официјалната веб страна.
Во рок од 30 дена од реализација на извлекувањето, добитникот ( извлечениот учесник ) треба да ја подигне освоената награда. Доколку учесникот не ја подигне наградата во рокот определен во претходната реченица, го губи правото на истата.
7. ТЕРИТОРИЈА НА КОЈА ЌЕ СЕ ПРИРЕДУВА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Северна Македонија.
8. ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИТЕ ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Наградниот фонд на наградната игра „ VIP ТОМБОЛА “ се состои од една предметна награда и тоа:
БМВ 2 Гранд Купе - 2.628.625 денари со вклучен ДДВ
Персонален данок на добитник - 463.874 денари
Вкупниот бруто фонд на наградата изнесува 3.092.499 денари ,
Награда подлежи на персонално оданочување и приредувачот ќе го уплати данокот во законски утврдениот рок.
9. НАЧИН НА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО НАГРАДНАТА ИГРА СО ПРАВИЛАТА НА ИГРА
Правилата на наградната игра „ ВИП ТОМБОЛА “ пропишани од приредувачот ќе бидат објавени на веб-страната на Државна лотарија www.megawin.mk., пред почетокот на наградната игра а по добиена согласност од Министерство на финансии.
10. НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ, ОДНОСНО ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ
Добитникот на наградата официјално ќе биде објавени во рок не подолг од три работни дена од денот на извлекувањето, на веб страната на Државна лотарија www.megawin.mk.
Учесникот кој ќе ја добие награда ќе мора да пристапи до седиштето на приредувачот на бул. Гоце Делчев бр. 8, 1000 Скопје
Наградата треба да биде подигната во рок не подолг од 30 дена од денот на објавувањето на името на добитникот.
11. РЕКЛАМИРАЊЕ
Наградната игра ќе се рекламира на електронски медиуми (телавизија и радио), како и на социјални мрежи и други видови медиуми.
12. РОК НА ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадволниот учесник во наградната игра има право да поднесе приговор до приредувачот во рок од седум работни дена од денот на објавувањето на добитниците во наградната игра.
Приредувачот е должен во рок од седум работни дена од денот на прием на приговорот, да му достави одговор на учесникот кој поднел приговор
13. ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Во наградната игра немаат право да учествуваат вработени во друштвото на приредувачот и членовите на нивните потесни семејства.
Приредувачот на наградната игра го задржува правото да не додели некоја од наградите доколку се утврди дека учеството на добитникот не е согласно правилата на наградната игра или во спротивност со нив.