Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
Период
2.1. Играта се спроведува во периодот од 08.05.2026 година до 22.05.2026 година (вклучително).
2.2. Приредувачот има право да го промени периодот на спроведување на Играта.
Услови и начини за учество во Играта
3. Во Играта може да учествува само учесник кој истовремено ги исполнува следните услови:
a. Учесникот поседува корисничка сметка на www.megawin.mk која не е деактивирана, блокирана или за која не е изречена забрана/ограничување за учество во бонус игри;
b. Ги исполнил подолу наведените услови на Играта.
4. Играта е поделена на неколку основни делови и тоа:
- Игра со тркала;
- Mystery Box игра;
- Турнири;
5. Игра со тркала:
5.1. Секој ден во текот на периодот на Играта, учесникот има право еднаш да заврти едно од следните тркала:„MINI WHEEL“, “MAXI WHEEL” или “MEGA WHEEL”, доколку ја пополнил соодветната скала за нив во текот на претходниот ден.
5.2. За да ја пополни скалата за вртење на „MINI WHEEL“ учесникот треба да има направено промет од облози со реални средства на страната во износ од 750 мкд во текот на претходниот ден.
5.3. За да ја пополни скалата за вртење на „MAXI WHEEL“ учесникот треба да има направено промет од облози со реални средства на страната во износ од 3 750 мкд во текот на претходниот ден.
5.4. За да ја пополни скалата за вртење на „MEGA WHEEL“ учесникот треба да има направено промет од облози со реални средства на страната во износ од 18 750 мкд во текот на претходниот ден.
5.5. При генерирање промет со реални средства важат следните коефициенти:
- 100% при игра во секција Видеолотарија „7777gaming“ или квалификувани облози во секцијата „Спорт“;
- 50% при игра во секцијата „Видеолотарија“;
- 20% при игра во секцијата „Live Казино“.
5.6. Наведените коефициенти важат само за игрите со процент на придонес поголем од 0% согласно Општите бонус правила и услови на страната.
5.7. За генерирање промет во секцијата „Спорт“ се признаваат само облозите поставени и решени во наведениот период на Играта.
5.8. Потребните износи за пополнување на скалата за секое тркало се наведени на страната на Играта.
5.9. Прометот акумулиран за учество во други бонуси, бонус игри и/или бонус понуди што се одвиваат во истиот период, нема да се смета за промет за учество во оваа Игра.
5.10. Во рамки на 1 (еден) ден од периодот на Играта, учесникот може еднократно да заврти само 1 (едно) од наведените тркала, доколку ги исполнил условите. Временскиот интервал е од 00:00 до 23:59 часот.
5.11. Добивки што може да се освојат од тркалата се:
- Free Spins
- Free Bets
- Бонус пари за игра на страната
- Учество во играта Mystery Box
Вредноста на добивките од видот Free Spins, Free Bets и Бонус пари за игра на страната се прикажуваат на тркалото. Видот на игрите за Free Spins го определува Приредувачот.
Добивките од тркалата се распределуваат преку генератор на случајни настани.
6.Mystery Box:
6.1. Mystery Box претставува специјална игра, а учество во неа може да се добие преку вртење на едно од тркалата – „MINI WHEEL“, “MAXI WHEEL” или “MEGA WHEEL”.
6.2. Со учество во оваа игра, учесникот добива симболи, а при собирање на сите симболи од еден вид ја добива наградата определена за нив.
6.3. Видовите добивки што може да се добијат од оваа игра се парични износи за игра, а нивната вредност се прикажува при активирање на играта.
6.4. Еден учесник може повеќепати да освои учество во играта Mystery Box во текот на периодот на спроведување на Играта.
7. Турнири:
Со секој облог во секциите „СПОРТ“, „LIVE СПОРТ“, „ВИДЕОЛОТАРИЈА“ и „LIVE КАЗИНО“, учесникот собира поени и учествува во неделниот пласман за Турнир, согласно правилата на Играта.
Турнирите се спроведуваат во следните периоди:
- Од 08.05.2026 година до 14.05.2026 година;
- Од 15.05.2026 година до 22.05.2026 година.
Поени за учество во турнир се собираат при игра со реални средства во сите игри на страната, при следните услови за 1 поен:
- износ на облог/облози од 100 мкд при игра во секцијата 7777Gaming или Спорт;
- износ на облог/облози од 200 мкд при игра во секцијата Видеолотарија;
- износ на облог/облози од 500 мкд при игра во секцијата Live Casino.
Во секој неделен пласман ќе бидат доделувани добивки во вкупен износ од 300.000 МКД.
8. Добивање на добивките
8.1. Free Spins се вчитуваат на корисничката сметка на учесникот и треба да се искористат во рок од 24 часа од нивното добивање.
8.2. Free Bets се вчитуваат на корисничката сметка на учесникот и треба да се искористат во рок од 48 часа од нивното добивање.
8.3. Добивките од видот „Бонус пари за игра на страната“ се вчитуваат на корисничката сметка на учесникот, а за нив важат Општите бонус правила на страната.
9. Права на Приредувачот
9.1. Приредувачот има право слободно да ги определува условите за промет, во секое време да ги измени условите на Играта или да ја прекине истата. Одлуките се носат по слободна проценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска, да ги информира учесниците за суспензија, прекин или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
9.2. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои што ги прекршуваат правилата и/или користата или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри/бонуси или слично.
9.3. Приредувачот има право во секое време да ги промени еднострано овие Правила, со тоа што измените стапуваат на сила согласно на точка 9.4.
9.4. Овие правила стапуваат на сила од нивно објавување на веб страната www.megawin.mk.