1. Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
2. Период на приредување на Играта
2.1. Играта се приредува во периодот од 01.10.2024 г. До 10.10.2024 г.
3. Услови за учество во Играта
3.1. Во Играта може да учествува само учесник кој одговара во исто време и ги исполнува следните критериуми:
а/ Учесникот има регистрирано корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk, која е активна, односно не е деактивирана или блокирана и против која нема ограничување, односно забрана за учество во бонус игри.
б/ Специјален услов за добивање на можност за вртење на „Тркалото на богатствата“ повеќе од 1 (еднаш): Учесникот има направено промет од облози со реални средства на игрите кои се приредуваат на веб страната во секција Видеолотарија и ја има пополнето скалата на напредок до 100% која се визуелизира на страната на Играта. Скалата може да биде пополнета до 13 пати во периодот на приредување на Играта.
4. Видови добивки/бонуси
4.1. Видови добивки/бонуси, кои што може да бидат освоени од „Тркалото на богатствата“ се следни:
- од 1.500 МКД до 300.000 МКД Бонус за игра;
- од 5 FREE SPINS до 100 FREE SPINS;
- бонус сума за игра на веб страната од 150 МКД до 1.500 МКД
5. Определување на добивките/бонусите
5.1. Определување на добивките/бонусите од „ Тркалото на богатствата “
5.1.1. Учесникот може да добие можност да го заврти еднократно „ Тркалото на богатствата“ во периодот на приредување на Играта, без да го има исполнето специјалниот услов за промет, по т.3.1.б/.
5.1.2. Во периодот на приредување на Играта, Учесникот може да добие право да го заврти „ Тркалото на богатствата “ до 13 пати, ако го исполнил специјалниот услов за промет од т.3.1.б/ и има пополнето до 13 пати 100 % прогресот на визуализираната виртуелна скала.
5.1.3. Учесникот добива директна добивка од 150 МКД до 1.500 МКД Бонус за игра, при пополнување на скалата за шести пат по ред.
5.1.4. Учесникот добива директна добивка од 1.500 МКД до 10.000 МКД Бонус за игра, при пополнување на скалата за тринаесетти пат по ред.
5.1.5. Добивките од играта се распределуваат користејќи генератор на случајни настани.
6. Добивање на добивките/бонусите
6.1. FREE SPINS се додаваат на профилот на Учесникот по нивното освојување. FREE SPINS треба да се изиграат во рамките на 24 часа од нивното добивање, во спротивно Учесникот го губи правото на нив. Резултатот од FREE SPINS треба да се обложи еднаш -1.
6.2. Бонус сумите за игра на веб страната се надополнуваат на бонус балансот на профилот на Учесникот по нивното освојување. Бонус сумите за игра на веб страната треба да се изиграат во рамките на 24 часа од нивното добивање, во спротивно Учесникот го губи правото на нив. Бонус сумата за игра на веб страната треба да се обложи 5 пати на игрите на среќа кои се понудените на веб страната во секција Видеолотарија.
7. Права на Приредувачот
7.1. Приредувачот има право во секое време да ги промени условите на Играта или да ја прекине истата. Решенијата се земаат по слободна преценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска да ги информира учесниците за суспензија, прекинување или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
7.2. Правата по предходната алинеја Приредувачот може да ги практикува за определен Учесник, за група Учесници, или за сите Учесници.
7.3. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои што ги прекршуваат правилата и/или користата или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри/бонуси или слично.
7.4. Приредувачот има право во секое време да ги промени еднострано овие Правила, со тоа што измените стапуваат на сила согласно на точка 7.5.
7.5. Овие правила стапуваат на сила од нивно објавување на веб страната www.megawin.mk.