на веб страната www.megawin.mk
1.1.Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.,
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
2.1. Специајлната игра се приредува за периододот кој е објавен на веб страната на адреса: https://megawin.mk/sport7/.
2.2. Во Специајлната игра „Златна лига“ ќе биде доделувана парична добивка, во износ од 20.000 МКД;
3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
4.1. За да учествува во играта за доделување на дополнителни добивки, регистрираниот учесник треба да се најави на својот кориснички профил/својата корисничка сметка на веб страната: www. megawin.mk и да направи прогноза за ТОЧЕН РЕЗУЛТАТ, на три спортски настани, определени од Приредувачот и собрани во специјален бонус тикет.
4.2. Учесникот е должен да направи предвидувања за точниот резултат, на сите три спортски настани, од специјалниот тикет, во посочениот период од т. 2.1.
4.3. Облози направени од учесникот со реални средства на резултати/исход од еден или сите три спортски настани, не се одразуваат на предвидувањата и облозите направени на истите спортски настани вклучени во специјалниот тикет и не учествуваат во Специјалната игра.
5.1. Почетниот и крајниот момент за учество во играта/за поставување на прогноза на резултатите од вклучените спортски настани во специјалниот тикет, се определуваат од Приредувачот и објавуваат на веб страната www. megawin.mk.
5.2. Во периодот од т. 2.1, Учесникот има право на едно учество во Специјалната игра.
6. Резултатот од спортските настани ќе се определува согласно официјалниот резултат за дадените настани. Предвидувањата за резултатот од настаните следува да бидат дадени како ТОЧЕН РЕЗУЛТАТ ( Број на постигнати голови Домакин : Број постигнати голови Гостин). ТОЧНИОТ РЕЗУЛТАТ ќе се определува од редовното време на игра (90 минути, стандардно при фудбалските натпревари).
7. Во случај кога сите три предвидувања на учесникот на точните резултати од трите спортски настани, во тикетот на Специјалната игра се покажат точни по објавување на резултатите од овие настани, учесникот ја освојува добивката определена во т. 2.2.
8.1. Во случај кога има повеќе од еден учесник со точна прогноза, за точните резултати на вклучените фудбалски настани во специјалната колона, сумата на определената дополнителна добивка од Приредувачот во т. 2.2., се доделува подеднакво помеѓу учесниците кои правилно ги прогнозирале точните резултати на фудбалските настани вклучени во специјалниот тикет.
8.2. Во случај кога ниту един од учесниците во Специјалната игра нема поставено правилната прогноза за настаните вклучени во специјалниот тикет, дополнителната добивка определена од Приредувачот не се доделува.
8.3. Во случај кога еден или повеќе од спортските настани во специјалниот тикет се одстранети/откажани или прекинати, Приредувачот го задржува правото да ја прекине играта и да не ја додели определената добивка.
9. Добивката од престојанта Специјалната игра, се добива на корисничката сметка на добитниот корисник на веб страната www. megawin.mk.
10.1 Државна лотарија на Република Северна Македонија не носи одговорност и има право да го откаже префрлувањето на добивка во некои од следните случаи:
- Учесникот е малолетен или неспособен и/или не одговара на други барања на Законот за игри на среќа или Задолжителни услови или Правила;
- учесникот не приложил документи и податоци неопходни за добивање на добивката;
10.2. Во секој од наведените случаи од претходната точка, учесникот го губи правото да ја добие освоената добивка.
11. Со учество во играта за доделување на дополнителни добивки се сметка дека секој учесник е запознаен со правилата и ги прифаќа истите.
12. Државна лотарија на Република Северна Македонија го задржува правото да го промени бројот на спортските настани кои учествуваат во специјалниот тикет, како и бројот и износот на раздадените дополнителни добивки.
13. Државна лотарија на Република Северна Македонија има право во секое време да ги промени еднострано овие Правила.
14. Овие правила стапуваат на сила од нивно објавување на веб страната www.megawin.mk.