1. Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра"), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во Играта се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст „Друштвото" или „Приредувачот").
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, односно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општите правила и услови на www.megawin.mk и Општите бонус правила и услови, Приредувачот може да го ограничи учеството во Играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во Играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и дека се обврзува да ги почитува.
2. Период
2.1. Играта се организира во периодот од 11.06.2026 година (четврток) до 19.07.2026 година (недела), вклучително (во понатамошниот текст „Период на Играта“).
2.2. Играта опфаќа независни спортски мисии поврзани со натпревари од Светското првенство во фудбал 2026 година. Поради природата на кампањата – поврзана со распоредот на фудбалските натпревари – мисиите немаат фиксно дневно време на започнување или завршување. Новите мисии се активираат и објавуваат на страницата на Играта во согласност со распоредот на натпреварите, во временски интервал помеѓу 08:00 и 10:00 часот.
2.3. Исполнувањето на последните мисии се утврдува врз основа на облозите поставени за финалниот натпревар од турнирот, при што на 20.07.2026 година ќе бидат утврдени резултатите од нив и ќе бидат исплатени добивките.
2.4. Приредувачот има право да го менува периодот/периодите на одржување на Играта, вклучително, но не ограничувајќи се само на случаи на промени во програмата на Светското првенство во фудбал 2026 година.
3. Услови и начини за учество во Играта
3.1. Во Играта може да учествува само учесник кој истовремено ги исполнува следните услови:
- а) Учесникот да поседува корисничка сметка на веб-страницата www.megawin.mk која не е деактивирана, блокирана или предмет на ограничување/забрана за учество во бонус игри;
- б) Учесникот да се најавил во системот (на својата корисничка сметка на www.megawin.mk) во периодот на одржување на Играта, опишан во точка 2, и ги исполнил условите на Играта наведени подолу;
- в) Учесникот да поставил облог со реални средства согласно условите на соодветната активна мисија, опишани во точка 4 подолу и на страницата на Играта.
3.2. Облозите поставени за учество во други бонуси, бонус игри и/или бонус понуди кои се организираат и/или се нудат во истиот период, не се сметаат како облози за учество во оваа Игра.
4. Мисии
4.1. Периодично на страницата на Играта се објавуваат условите за две активни мисии. Конкретните услови за секоја мисија (вклучително наведените натпревари, минимален влог и минимален коефициент), утврдени од Приредувачот, се објавуваат на страницата на Играта и можат да се менуваат секојдневно согласно програмата на Светското првенство.
4.2. Мисија 1 – Премеч облози (Pre-Match)
Услов: Поставен облог на наведените натпревари од Светското првенство во премеч режим, со минимален влог и минимален коефициент наведени на страницата на Играта.
Исполнување: Мисијата се смета за исполнета кога квалификуваниот облог ќе биде утврден како добитен или загубен.
4.3. Мисија 2 – Облог во живо (Live)
Услов: Поставен облог во живо (Live) на наведен натпревар од Светското првенство, со минимален влог и минимален коефициент наведени на страницата на Играта.
Исполнување: Мисијата се смета за исполнета кога квалификуваниот облог ќе биде утврден како добитен или загубен.
4.4. За целите на секоја мисија се зема предвид исклучиво првиот облог со реални средства кој ги исполнува наведените услови. Последователните облози за истата мисија не носат дополнителни добивки или учество во Играта.
4.5. Доколку облогот биде утврден со резултат „VOID“ или доколку учесникот ја искористи опцијата „CASH OUT“, мисијата се смета за неуспешно завршена. Истото правило важи и во случај на делумен Cash Out.
4.6. По исполнувањето на мисијата, на страницата на Играта се прикажува тајмер до активирањето на следната мисија.
4.7. Учесникот може истовремено да ги исполнува двете мисии. Секоја успешно исполнета мисија му дава право на едно (1) изведување пенал во Играта со пенали, опишана во точка 5.
5. Игра со пенали
5.1. По успешно исполнета мисија (согласно точка 4), учесникот добива право да изведе еден (1) пенал во специјалната бонус игра „Игра со пенали“. Играта со пенали е достапна исклучиво преку посебната секција на страницата на Играта на www.megawin.mk.
5.2. Секој освоен пенал мора да биде изведен во рок од 24 (дваесет и четири) часа од моментот на неговото добивање, што се совпаѓа со утврдувањето на квалификуваниот облог за завршување на соодветната мисија. По истекот на рокот, правото за изведување на пеналот се поништува.
5.3. Правата за учество во Играта со пенали можат да се акумулираат, при што за секое важи условот од точка 5.2.
5.4. Учесникот го изведува пеналот со избор на насока преку:
- лизгање (slide) на мобилен уред;
- влечење со глушец (drag) на десктоп компјутер или лаптоп.
5.5. Резултатот од пеналот се определува по случаен избор и може да биде:
- ГОЛ (успешно реализиран пенал) – учесникот добива награда;
- или
- ПРОМАШУВАЊЕ (одбранет пенал) – учесникот не добива награда.
5.6. Видови награди при постигнат стандарден пенал (прикажан со стандардна фудбалска топка):
Наградата се определува по случаен избор. Учесникот може да добие една од следните награди:
- Депозитна понуда за игра во секцијата Спорт – важат условите на освоената понуда;
- FREEBET – со важност од 24 (дваесет и четири) часа и посебни услови за игра согласно освоениот бонус.
5.7. Златен пенал
При исполнување на мисии и освојување пенали, по случаен избор учесникот може да добие право да изведе ЗЛАТЕН ПЕНАЛ (прикажан со „златна“ фудбалска топка). Пеналот се изведува согласно постапката опишана во точка 5.4.
Наградата при успешен Златен пенал се определува по случаен избор. Учесникот може да освои:
- Бонус пари за игра во секцијата Спорт – се додаваат на бонус салдото на учесникот, согласно условите на освоениот бонус;
- FREEBET – со важност од 24 (дваесет и четири) часа и посебни услови за игра согласно освоениот бонус.
- специјалната награда на Играта: 10 x 100.000 МКД бонус средства за игра.
5.8. Промашениот (одбранет) пенал – без разлика дали е стандарден или Златен – не дава право на награда.
6. Видови награди
6.1. Видовите награди кои можат да се освојат во Играта со пенали се:
- Депозитна понуда за игра во секцијата Спорт;
- Бонус пари за игра во секцијата Спорт;
- FREEBET со важност од 24 часа;
- Специјалната награда од 10 x 100.000 МКД бонус средства за игра.
6.2. Секоја освоена награда е лична и не може да биде пренесена, заменета или отстапена на трети лица.
7. Добивање на наградите
7.1. Добивките од Играта се доделуваат автоматски по исполнување на условите предвидени со овие Правила.
7.2. FREEBET наградите се додаваат на бонус салдото на учесникот и важат 24 (дваесет и четири) часа од нивното добивање. Условите за користење се определуваат согласно освоениот бонус.
7.3. Депозитните понуди и бонус средствата за игра во секцијата Спорт се додаваат на бонус салдото на учесникот. Условите за активирање и користење се определуваат согласно конкретно освоената понуда или бонус.
7.4. Специјалната награда од Златен пенал – 10 x 100.000 МКД бонус средства за игра – се додава на бонус салдото на учесникот согласно посебните услови наведени во бонусот.
8. Права на Приредувачот
8.1. Приредувачот има право слободно да ги определува условите за промет, во секое време да ги промени условите на Играта или да ја прекине истата. Решенијата се донесуваат по слободна преценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска да ги информира учесниците за суспензија, прекинување или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
8.2. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои ги прекршуваат правилата и/или користат или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри, бонуси или слични поволности.
8.3. Приредувачот има право во секое време еднострано да ги измени овие Правила, при што измените стапуваат на сила согласно точка 8.4.
8.4. Овие правила стапуваат на сила со нивното објавување на веб-страницата www.megawin.mk.