Овие правила ги уредуваат условите и постапката за организирање на кампањи со кои се овозможува учество и користење на Бонусот „Зголемена Добивка“, врз основа на и во врска со чл. 101, став 2 од Општите правила (Општи услови) за користење на веб-страницата megawin.mk и за учество во игрите на среќа кои се понудени.
Бонусот „Зголемена Добивка“ (Winning Boost) претставува бонус механизам преку кој на избрани и/или на сите корисници може да им биде доделено зголемување на добивката при добитен поединечен спортски облог. Бонусот не се применува на комбинирани облози, туку исклучиво на поединечни облози.
Бонусот може да биде активиран за конкретна спортска содржина, вклучително, но не ограничувајќи се на, одреден спорт, држава, првенство, пазар или настан. Приредувачот има право, по сопствена проценка, да ги утврдува условите за секоја поединечна кампања, вклучително:
- процент на зголемување на добивката;
- период на важност;
- минимален и/или максимален износ на облогот;
- минимален коефициент;
- максимален износ на бонус-добивката;
- дозволени кориснички сегменти;
- применливи пазари, спортови, првенства или настани;
- видови дозволени облози (Prematch, Live или долгорочни облози).
Играчот ќе добие индикација дека одреден настан учествува во Бонусот „Зголемена Добивка“ само доколку ги исполнува условите за соодветната кампања. Кога бонусот е достапен во бетслипот („тикетот“), играчот самостојно одлучува дали ќе го примени кон својот поединечен облог. Доколку бонусот не биде применет пред потврдување на облогот, истиот не се смета за искористен.
При добитен облог, бонусот се исплаќа како дополнителен износ врз „стандардната добивка“, согласно утврдениот процент за конкретната кампања и применливите лимити. За потребите на овие правила, „стандардна добивка“ означува нето-добивката од облогот, без вклучениот износ на уплатениот облог.
Освен ако во конкретната кампања не е поинаку утврдено, една кампања „Зголемена Добивка“ (Winning Boost) може да биде искористена најмногу еднаш од еден корисник. Доколку е утврден рок за користење, бонусот автоматски истекува ако не биде применет во наведениот рок.
Приредувачот го задржува правото:
- да ја активира, измени, ограничи, привремено суспендира или прекине кампањата во секое време;
- да утврдува индивидуални услови за учество;
- да обезбедува различни бонус-параметри за различни корисници, настани или кампањи;
- да исклучи одредени пазари, спортови, првенства, натпревари или видови облози од учество во бонусот.
Сите специфични услови, проценти, ограничувања, лимити и барања за соодветната кампања „Зголемена Добивка“ ќе бидат наведени во конкретната промотивна комуникација, банер, секција или страница на веб-страницата во моментот на спроведување на кампањата.
Во случај на утврдена злоупотреба, арбитражно однесување, учество преку поврзани сметки, обид за заобиколување на условите, манипулативно учество или друго дејствие што Приредувачот го смета за спротивно на целта на кампањата, Приредувачот го задржува правото да го поништи бонусот, бонус-добивката, учеството во кампањата или поврзаните облози без претходно известување.
Не се квалификуваат за Бонусот „Зголемена Добивка“ облози поставени на пазари со 0% Маргина и Зголемен Коефициент.
Приредувачот има право во секое време да ги измени условите на играта или да ја прекине играта. Одлуките се донесуваат по слободна проценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но не е должен, да ги извести учесниците за запирање, прекинување или поништување на играта, како и за причините за тоа.
На учесници што ги прекршуваат правилата и/или користат или претходно користеле злоупотреби и/или заобиколни методи за користење на игри/бонуси, нема да им биде овозможено учество во играта.
Приредувачот има право во секое време еднострано да ги измени овие правила, при што измените стапуваат во сила од нивното објавување на веб-страницат www.megawin.mk.