- Податоци кои ги собира Државна лотарија?
- Идентификациски информации кои не се лични
- Колачиња на Интернет пребарувачот („Cookies”)
- Google аналитика
- Како Државна лотарија ги користи собраните податоци од веб страната
- Безбедност на личните податоци
- За исполнување на законските обврски
- Рок на чување на вашите лични податоци
- Исполнување на законските обврски во однос на спречување на перење пари и финансирање на тероризам
- Политика на чување на личните и доверливите податоци
- Контактирајте не
Политиката за приватност на личните и доверливите податоци на веб страната на Државна лотарија го уредува начинот на кој Државна лотарија ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (поединечно – „Корисник“) на www.megawin.mk веб страната („Страна“). Оваа Политика за приватност се однесува единствено за веб страната и истата е усогласена во согласност со Законските и подзаконските прописи на Република Северна Македонија.
Сите корисници на услугите кои ги нуди Државна лотарија се должни да ја прочитаат политиката на приватност и заштита на лични и доверливи податоци за да разберат за која цел и на кој начин Државна лотарија ги користи и чува личните и доверливите податоци на своите корисници.
Доколку корисниците на услугите кои ги нуди Државна лотарија не се согласуваат со условите и одредбите на политиката на приватност и заштита на лични и доверливи податоци на Државна лотарија, ги замолуваме истите да не ги користат нашите услуги.
Секоја идна промена на оваа Политика ќе биде поставена на оваа веб страна. Новата Политика стапува во функција веднаш по поставување на истата на оваа веб страна. Го задржуваме правото на промена на Политиката на приватност и заштита на личните и доверливите податоци во било кое време без претходна најава, поради што им се укажува на корисниците на услугите на Државна лотарија повремено да ја прегледуваат оваа Политика.
I. Податоци кои ги собира Државна лотарија
[ ↑ ]Државна лотарија ги собира следните податоци при посета на Корисниците на веб страна. Државна лотарија ги собира личните идентификациски информации од Корисниците на разни начини а во врска со активностите, услугите, карактеристики или достапните ресурси на веб страната.
Државна лотарија собира и технички податоци и тоа IP адреса, вид и верзија на интернет пребарувач, оперативен систем, време и дата на посета на веб страницата, локација, страници што ги прегледува посетителот, идентификатор дали се пристапува од мобилен телефон, број на кликнувања.
Корисниците може да ја посетат веб страната и анонимно. Државна лотарија ги собира личните идентификациски податоци од Корисниците единствено доколку тие самите се согласат да ги достават до нас. Корисниците може во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци, освен доколку тоа ги спречува во остварување на одредени активности поврзани со посетата на веб страната и користењето на услугите на Државна лотарија. При посета, регистрација и користење на нашата веб страна, може да се запишат и процесираат следните податоци при регистрација на посетителот за www.megawin.mk кориснички профил:
- Име;
- Презиме;
- Пол;
- Држава;
- Адреса;
- Населено место (општина);
- Датум на раѓање;
- Е-маил адреса:
- ЕМБГ;
- Банкарска сметка;
- Број на мобилен телефон.
II. Идентификациски информации кои не се лични
[ ↑ ]Државна лотарија може да собира и идентификациски информации за Корисниците кои не се лични, секогаш кога тие ја посетуваат веб страната. Идентификациските информации кои не се лични може да ги вклучуваат името на интернет пребарувачот, типот на компјутерот како и технички информации за конекцијата што Корисникот ја користи при посета на веб страната, како што се Оперативен систем и Испорачувачот на интернет услугата и слични информации.
III. Колачиња на Интернет пребарувачот („Cookies”)
[ ↑ ]Нашата веб страна може да користи Колачиња за да се подобри корисничкото искуство. Интернет пребарувачот на Корисникот ги чува колачињата на нивниот компјутер заради цели на чување на записи за посетите на веб страната.
Корисниците може да изберат да ги подесат нивните Интернет пребарувачи да ги одбијат Колачињата или да јават предупредување секогаш кога Колачињата ќе се пратат. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од веб страната може да не функционираат како што е предвидено.
IV. Google аналитика
[ ↑ ]Веб страната користи Google аналитика за да помогне во анализа на начинот на користење на веб страната од Корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на веб страната (вклучително и ИП адресата) се проследуваат до Google. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на веб страната од Корисниците и да се креираат статистички извештаи за активноста на веб страната на Државна лотарија. Државна лотарија нема (ниту ќе дозволиме на третите страни) да ја користи статистичката аналитичка алатка за следење или собирање на било кои Лични идентификациони податоци на Корисниците на нашата Страна. Google нема да ја придружи вашата ИП адреса со било кои други ваши податоци кои се чуваат во Google. Ниту Државна лотарија ниту Google нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе ИП адресата со идентитетот на Корисникот
V. Како Државна лотарија ги користи собраните податоци од веб страната:
[ ↑ ]Државна лотарија ги собира и користи информациите од Корисниците за следните цели:
За користење на нашите услуги
Податоците кои ни ги доставувате во процесот на користење на нашите услуги се собираат и чуваат поради неколку причини:
- За администрација на Вашиот кориснички профил;
- За идентификациони проверки, односно проверка и спречување на злоупотреба на личните податоци;
- За подобрување на сигурноста на нашите сервиси и полесно детектирање на можни обиди за неавторизирани трансакции и нелегално учество во игри на среќа;
- При процесирање на трансакциите, а со цел за нејзина верификација, дел од личните податоци се разменуваат помеѓу Државна лотарија и процесорот на платежни картички:
- Спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
За исполнување на законските обврски
За учеството во интернет игрите на среќа е неопходно при регистрацијата да ги оставите Вашите лични податоци за да се осигуриме дека имате законско право за учество во игри на среќа.
Вашите лични податоци ќе бидат верификувани од страна на Државна лотарија или од трети лица.
Вашите лични податоци се исто така неопходни за изготвување на известувања и уплата за Персоналниот данок на доход на кои подлежат добивките од игрите на среќа.
За подобрување на нашата Страна
Постојано се стремиме да ги подобриме нашите услуги како и на нашата веб страна базирано на повратните информациите кои ги добиваме од вас.
За подобрување на услугите кон клиентите
Вашите информации ни помагаат поефикасно да одговориме на вашите барања за дадени услуги или поддршка која ви треба
За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на вен страната.
За праќање информации на Корисникот кои ќе се согласат да ги примаат за содржини кои мислиме дека се од нивен интерес.
VI. Безбедност на личните податоци
[ ↑ ]Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци како и податоци кои не се лични, а се складирани на нашата веб страна.
Безбедност на личните податоци
Безбедноста на Вашите лични податоци е од најголемо значење и приоритет за Државна лотарија. Кога пристапувате или сте редиректирани на нашата веб страна, севкупната комуникација е заштитена преку технологијата Secure Socket Layer (SSL) енкрипциска заштита, сертифицирана од GeoTrust.
Меѓутоа, заштитата на личните податоци може да биде ефективна само доколку и Вие како клиент се однесувате согласно одредени безбедносни процедури.
Вие не смеете да ја дистрибуирате лозинката од Вашиот кориснички профил на други лица.
Државна лотарија никогаш нема да Ви побара да испратите лозинка или други чувствителни информации преку е-маил, но може од Вас да побара да внесете некои од тие податоци на веб страната која секогаш има URL адреса што почнува со www.megawin.mk.
Доколку добиете барање да ја доставите Вашата лозинка, од лица кои тврдат дека се вработени во Државна лотарија, бидете сигурни дека барањето не е легитимно и не потекнува од Државна лотарија. Во такви случаи Ве молиме да нѐ контактирате преку формата “Контакт” на нашата страна.
Обработка на вашите лични информации
Државна лотарија не ги продава, разменува или изнајмува Корисничките лични податоци и информации со трети лица. Државна лотарија не врши пренос на вашите лични податоци во други земји.
Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци како и останатите законски и подзаконски акти. Сепак, поради природата на дејноста, Државна лотарија има обврска да врши проверка на точноста на личните податоци и исклучиво за таа цел може да ги споделува информациите со трети лица.
Веб страни на трети лица
Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата Страна кои водат кон други Страни и сервиси на наши партнери, добавувачи, рекламни фирми, спонзори, лиценцни фирми и останати трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските кои се присутни на тие Страни и не сме одговорни за постапките на вработените од Страните кои се поврзани кон или од нашата Страна. Дополнително, наведените Страни или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените Страни или сервиси може да имаат сопствени Политики за приватност на личните податоци на нивните веб страни и посебни Политики за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било кој друга Страна, вклучувајќи ги Страните кои имаат врски кон нашата Страна е предмет на конкретните правила и Политики на односните Страни.
VII. За исполнување на законските обврски
[ ↑ ]Државна лотарија не ги продава, разменува или изнајмува Вашите податоци на други субјекти кои не се опфатени во оваа Политика ниту пак истата ги пренесува вашите лични податоци во други земји, освен во следниве ситуации:
- Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци, законот за персонален данок на доход, како и останатата важечка законска и подзаконска регулатива;
- За заштита или редуцирање на ризикот од одредени типови на злоупотреба при вршење на уплати и исплати кон платежни картички;
- Доколку Банка деловен соработник – обработувач на лични податоци побара дел од личните податоци заради разрешување на сомнителни и спорни трансакции;
- Во случај на сомневање од перење пари и финансирање на тероризам.
VIII. Рок на чување на вашите лични податоци
[ ↑ ]Државна лотарија ги обработува и чува Вашите лични податоци до исполнување на целта за која се прибрани односно до исполнување на законските и подзаконските обврски.
Покрај горенаведеното напоменуваме дека, имаме обврска за чување и документирање на личните податоци кои произлегуваат од позитивните прописи како што се Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Закон за хартии од вредност, Закон за заштита на лични податоци и сл.
Временските периоди за чување на личните податоци наведени во овие прописи можат да бидат од две до десет години.
Права на корисниците во однос на податоците што Државна лотарија ги собира
Како регистриран корисник на www.megawin.mk Вие ги имате следниве права:
- Увид до Вашите податоци кои Вие сте ги доставиле до нас и промена на истите доколку е потребно;
- Увид на трансакции и проверка на биланс на Вашата ДЛМ сметка;
- Деактивација на Вашиот профил на Ваше барање;
IX. Исполнување на законските обврски во однос на спречување на перење пари и финансирање на тероризам
[ ↑ ]Согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19 и 317/20), Државна лотарија има обврска до Управата за финансиско разузнавање да доставува податоци за секоја трансакција во износ од 60.000 денари или повеќе. За таа цел, следниве податоци се доставуваат до Управата:
- ЕМБГ;
- Име и презиме;
- Дата и место на раѓање;
- Државјанство;
- Документ за идентификација, тип на документ, место на издавање, земја на издавање, број на документот;
- Адреса, град, земја, поштенски број;;
X. Политика на чување на личните и доверливите податоци
[ ↑ ]Оваа Политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите кои се собираат преку нашата веб страна и не се однесува за личните податоци кои се собираат на други начини.
Промени во Политиката за приватност на личните податоци
Државна лотарија има право да ја ажурира оваа Политика на приватност и заштита на личните и доверливите податоци во било кое време. Кога тоа ќе го направиме, ќе дадеме известување на главната страница на веб страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Им обрнуваме внимание на Корисниците често да ја проверуваат оваа страница за било какви измени за да бидат информирани на кој начин овозможуваме заштита на личните податоци кои ги прибираме. Корисникот прифаќа и се сложува дека е негова/нејзина одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека станал свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа веб страна, Корисникот се сложува со одредбите од Политиката за приватност и заштита на личните и доверливите податоци на веб страната. Доколку не се сложувате со Политиката, ве молиме не ја користете нашата веб страна. Вашето континуирано користење на веб страната следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.
XI. Контактирајте не
[ ↑ ]Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност и заштитата на личните и доверливите податоци на веб страната, практиките или комуникацијата со веб страната, Ве молиме контактирајте не на:
Државна лотарија
Бул. Гоце Делчев бр. 8, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
email: dpo@megawin.mk