Правила за исплата на средства
Со цел да обезбеди професионална услуга, www.megawin.mk ќе вложи максимални напори за да се осигура дека барањата за појдовни трансфери од сметката за игри се обработуваат брзо и безбедно. Ние користиме докажани технологии за да ги заштитиме и чуваме доверливите информации за сите ваши трансакции.
Обработка на исплата на средства
За да се избере износот што треба да се исплати, од корисникот се бара да ја внесе лозинката за да го потврди идентитетот и да потврди дека тој е сопственик на сметката. Откако барањето е успешно направено, автоматски се испраќа порака што го содржи референтниот број на трансакцијата.
Начинот на плаќање што корисникот би го користел за исплата на средства мора да соодвестува со начинот што претходно се користел при депонирање на средства. Сите појдовни трансфери ќе бидат пренасочени на начинот на плаќање што го користи корисникот при депонирање на неговата сметка на www.megawin.mk.
После тоа, корисникот може да избере начин на исплата на средства со кој ќе ја повлече преостанатата достапна сума, доколку е можно:
- банкарски трансфер
Ве молиме имајте ги следните важни информации во врска со процесот на исплата на средства:
- Корисниците можат да направат 1 (една) исплата на средствана секои 4 часа.
Минимален износ за исплата на средства преку банкарски трансфер - 1.200 денари;
Со цел барањето за исплата на средства да биде успешно спроведено, од корисникот ќе се бара да го потврди својот идентитет и/или да ги потврди сите свои претходни депозити на неговата сметка www.megawin.mk.
Проверката на корисникот мора да се изврши во рок од 7 (седум) работни дена од датумот на кој корисникот ги доставил сите потребни документи.
Го задржуваме правото да го одложиме процесот или да го прекинеме барањето за појдовен трансфер додека не се направи верификација со потврдување на постоењето на претходни депозити направени од корисникот. www.megawin.mk не наплаќа надоместоци за обработка на појдовни трансфери, но може да се наметне надомест од банката што ја издава картичката.
- Доколку корисникот користел дебитна или кредитна картичка за депонирање на средства, сите средства во салдото ќе бидат вратени на сметката доколку издавачот на картичката дозволи парите исплатени од www.megawin.mk да се вратат на трансакциската сметка.
Документи за верификација
Во зависност од методот што се користи за депонирање на средства на сметката на www.megawin.mk, од корисникот ќе биде побарано еден од следните документи или дополнителни документи кои не се наведени, со цел успешно да се потврди идентитетот на учесникот и да се обработи барањето за исплата на средства. Го задржуваме правото да ги побараме сите официјално издадени и заверени документи неопходни за докажување на автентичноста на дадените лични информации.
Без разлика на употребениот метод на депонирање, учесникот мора да приложи копија од лична карта (лична карта или пасош). Приредувачот го задржува правото да побара да се приложи друг документ:
- Доколку на сметката е вметната банкарска (дебитна или кредитна) картичка, треба да се испрати копија од банкарската картичка со задолжителни елементи:
- Првите 6 и последните 4 цифри.
- Името на сопственикот на сметката.
- Датум на истекување.
- Картичката мора да биде фотографирана во целост (копија во боја).
Преку веб страната може да се обезбедат копии од документите, откако ќе се најавите со корисничко име и лозинка.
Начинот на исплата на средства треба да биде реципрочен на методот што се користи за депонирање на средства на сметката. Во случај да има несовпаѓање помеѓу податоците при регистрација и оние за проверка, средствата на сметката може да бидат блокирана до расчистување на случајот.
Во случај на сомневање, www.megawin.mk го задржува правото да побара дополнителни документи пред да го обработи барањето за исплата на средства.
Обработка на исплата на средства и одбивање
Барањето за исплата на средства може да биде повлечено од корисникот ако барањето сè уште не е одобрено од www.megawin.mk. Во случај барањето за исплата на средства да биде успешно одобрено, средствата не може да се префрлат назад на сметката. Времето за кое корисникот ќе ги добие бараните средства ќе зависи од избраниот начин на плаќање.
За да одбие исплата на средства, корисникот мора: (1) да се најави на системот www.megawin.mk користејќи ја регистрираната е-пошта и лозинката; (2) да пристапи до делот „Вчитај сметка“, изберете „Историја“ и „Исплата“, каде што ќе се појави список на сите барања направени од корисникот за исплата на средства; (3) ако барањето сè уште не е одобрено од страна на приредувачот, ќе биде достапна опција за откажување на исплатата на средства. Со помош на копчето [X] во полето „Откажи“, средствата веднаш ќе се префрлат назад на сметката за игра на корисникот.