Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра”), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во Играта се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст „Друштвото” или „Приредувачот”).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општите правила и услови на www.megawin.mk и Општите бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во Играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
2. Период
2.1. Играта се организира во периодот од 11.06.2026 година (четврток) до 19.07.2026 година (недела), вклучително (во понатамошниот текст „Период на играта“).
2.2. Приредувачот има право да го менува периодот/периодите на одржување на Играта, вклучително, но не ограничувајќи се само на случаи на промени во програмата на Светското првенство во фудбал 2026 година.
3. Услови, начини на учество во Играта и добивки
3.1. Во Играта може да учествува само учесник кој истовремено ги исполнува следните услови:
- а) Учесникот поседува корисничка сметка на веб страната megawin.mk која не е деактивирана, блокирана или предмет на ограничување/забрана за учество во бонус игри.
- б) Учесникот се најавил на својата корисничка сметка на megawin.mk во периодот на одржување на Играта опишан во точка 2 и ги исполнил условите на Играта наведени подолу.
4. Начин на учество и бонус добивки
4.1. За да учествува во Играта, учесникот треба да пристапи до својата корисничка сметка на веб страната megawin.mk и да направи бесплатна прогноза за наведените селекции за БРОЈ НА ГОЛОВИ, на три фудбалски натпревари од Светското првенство во фудбал 2026 година, одредени од Приредувачот и обединети во специјална селекција, објавени на страницата на Играта.
4.2. Учесникот треба да направи предвидувања за точниот резултат на сите три фудбалски натпревари од специјалната селекција.
4.3. Облозите поставени од учесникот со реални средства на резултатите/исходот од еден или сите три фудбалски натпревари немаат влијание врз предвидувањата и облозите направени за истите натпревари во рамките на специјалната селекција и не учествуваат во Играта.
4.4. Почетокот и крајот на периодот за учество во Играта и за поставување прогнози за резултатите од спортските натпревари вклучени во специјалната селекција ги определува Приредувачот и ги објавува на страницата на Играта.
4.5. Во периодот од точка 2.1, учесникот има право повеќепати да учествува во Играта со прогнозирање на точниот резултат на фудбалските натпревари од специјалните селекции. За секоја специјална селекција може да се направи само една прогноза од еден учесник.
4.6. Резултатот од фудбалските натпревари ќе се утврдува согласно официјалниот број на постигнати голови на соодветниот натпревар. Предвидувањата за исходот на натпреварите треба да се дадат како избор на една од понудените селекции за БРОЈ НА ГОЛОВИ (НАД или ПОД).
4.7. Доколку сите три предвидувања на учесникот за точниот резултат на трите фудбалски натпревари од специјалната селекција се покажат како точни, по објавувањето на резултатите од тие натпревари, учесникот добива бонус добивка – 100 МКД FREEBET. Добивката согласно оваа точка се префрла на бонус салдото на играчката сметка и се користи согласно условите наведени во понудата.
5. Турнир и рангирање
5.1. Доколку учесникот точно прогнозира еден или повеќе натпревари од специјалните селекции, тој се вклучува во рангирање за Турнир со бонус добивки во вкупна вредност од 100.000 МКД. Секој точно прогнозиран натпревар од специјална селекција носи право на 1 (еден) поен во рангирањето на Турнирот.
5.2. Учесниците кои освоиле ист број поени ќе бидат рангирани според најголемиот број направени спортски облози за време на Играта.
5.3. Резултатите од рангирањето ќе бидат објавени на страницата на Играта по утврдувањето на резултатите од последниот натпревар од последната специјална селекција.
5.4. Добивките од Турнирот се исплаќаат на бонус салдото на играчката сметка на добитниците и се користат согласно условите наведени во бонусот.
6. Права на Приредувачот
6.1. Приредувачот има право слободно да ги определува условите за промет, во секое време да ги промени условите на Играта или да ја прекине истата. Решенијата се земаат по слободна преценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска да ги информира учесниците за суспензија, прекинување или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
6.2. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои ги прекршуваат правилата и/или користат или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри, бонуси или слични поволности.
6.3. Приредувачот има право во секое време еднострано да ги измени овие Правила, при што измените стапуваат на сила согласно точка 6.4.
6.4. Овие правила стапуваат на сила со нивното објавување на веб страната www.megawin.mk.