1. Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
2. Период на приредување
Бонус играта се приредува во период од 14.06.2024 г. 10:00 ч. до 14.07.2024 23:59 ч. г.
3. Услови за учество во бонус играта
3.1. Во играта може да учествува само учесник, кој истовремено одговара на следните барања:
- Учесникот поседува корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk, која што не е деактивирана/блокирана и спрема истата нема поставени ограничувања за добивање на бонуси и/или учество во бонус игри;
- Учесникот направил влез во системот (во својата корисничка сметка на www.megawin.mk) во периодот од точка 2, и реализирал барем еден добитен облог со реални средства каде има минимум еден настан во спортови определени од Приредувачот:
Фудбал , Евро 2024
- Вредноста на минималниот облог, за учество во бонус играта ќе биде посочен на страницата на бонус играта.
4. Видови Бонуси и определување на нивно добивање
4.1. Автомобил
4.2. Бонусот, кој што може да биде добиен при учество во играта е „Бонус сума за игра на веб страната“, усогласено со посоченото во точка 4.2. подолу.
* Бонус сумата, треба да се изигра/обложи еднократно.
4.3. Начин на определување на добивањето на бонусите
Секој добитен облог, направен со реални средства на определените спортови во периодот од точка 2 (периодот на приредување на играта), носи:
- Поени за класификување во турнир, чиј што услови се представени на страницата на бонус играта;
- За класификувањето важат само добитни облози со реални средства – минимален облог од 100 денари направени на сингл или тикет (системи не се бројат) каде има барем еден настан од Фудбал, Евро 2024.
Поени за класирањето можат да носат само:
- Првиот поставен облог на конкретен ТИП на СИНГЛ
- Првиот поставен облог на конкретен ТИП во ТИКЕТ
Добитните облози Ви носат поени, кои се определуваат по следната формула:
- Нето добивка / Облогот = Број поени.
Примери:
При облог од 99.99 денари на коеф. 2.50 и добивка 249.98 денари:
Број поени = 0 поени
При облог од 100 денари на коеф. 2.50 и добивка 250.00 денари:
Број поени = (250.00 – 100) / 100 = 150.00 /100 = 1.50 поени
По крајот на бонус играта, првите 50 учесници во крајното класификување на турнирот го делат наградениот фонд од 2.000.000 денари како што следува:
Место во класифицирање |
Единична Награда |
Вкупна Награда |
1 |
Автомобил |
1.800.000 |
2 |
50.000 |
50.000 |
3 |
30.000 |
30.000 |
4-5 |
10.000 |
20.000 |
6-10 |
5.000 |
25.000 |
11-20 |
3.000 |
30.000 |
21-50 |
1.500 |
45.000 |
Вкупно |
|
2.000.000 денари |
5. Рок и Користење на Бонуса
За користењето и роковите на бонусот важат Општи бонус правила и услови на www.megawin.mk..
6. Права на Приредувачот
6.1. Приредувачот има право во секое време да ги промени условите на играта или да ја прекине играта. Одлуките се донесуваат по дискреција на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но не е должен да ги информира учесниците за прекинот или откажувањето на играта, како и за причините за тоа.
6.2. Можноста за учество во играта нема да добијат учесници кои ги прекршуваат правилата и/или користат или користеле злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел да користат игри/бонуси или слично.
6.3. Приредувачот има право еднострано да ги промени овие Правила во секое време, при што промените стапуваат на сила во согласност со точка 6.4.
6.4. Овие правила стапуваат на сила од нивното објавување на веб страната www.megawin.mk.