Депонирање средства со дебитна или кредитна картичка?
Се обидувам да депонирам средства со дебитна/кредитна картичка, но не можам, што може да е проблемот?
Причините за таков неуспешен обид може да бидат следниве:
- Недоволно расположливо салдо на вашата сметка на картичката (мора да имате доволно средства на салдото на вашата картичка за да го депонирате избраниот износ).
- Вашата картичка не поддржува онлајн плаќања (ако не ја користите вашата картичка за онлајн плаќања, голема е веројатноста дека не сте ја активирале оваа опција). Можете да ја контактирате банката што ја издава картичката за да ја активирате услугата.
- Неправилно внесени податоци во нашиот систем (ве молиме внимателно проверете дали правилно ги внесувате сите податоци од вашата картичка).
- Понекогаш депозитот се одбива поради грешка на банкарскиот систем. Ве советуваме да почекате од 5 до 15 минути пред да се обидете повторно да депонирате средства. Во повеќето случаи, таквото повторување резултира со успешен депозит.
- Во случај да користите 3D Secure картичка, проверете дали сте го пополниле вашиот 3D Secure код, во прозорецот што се појавува пред вас.
Ако ниту еден од горенаведените совети не помогне, можете да го контактирате „Одделот за клиенти“ во време погодно за вас. Ќе се потрудиме да ви помогнеме успешно да депонирате средства на вашата сметка или да ве упатиме да користите друг начин на плаќање.
Може ли да депонирам средства со дебитна/кредитна картичка што не ја поседувам?
Не. Депонирањето средства со дебитна/кредитна картичка чијшто сопственик е различен од сопственикот на корисничката сметката на www.megawin.mk е строго забрането и е во целосна спротивност со наведеното во документот: Општи правила и услови на www.megawin.mk.
Кои се трошоци при депониранье на средстава со дебитна или кредитна картичка?
При депонирање на средства банката ја пресметува и наплатува провизијата од картичката на играчот. Стапката на провизиja е 1,95%.
Пример: VISA и MasterCard платежни картички: Играчот сака да уплати 1.000 денари депозит од неговата VISA кредитна картичка на неговата megawin корисничка сметка. На веб страната за уплата на депозит го избира износот од 1.000 ден, притоа се прикажува стапката на провизијата од 1.95% и износот на провизијата од 19,5 ден. Вкупниот износ кој играчот го плаќа од неговата картичка е 1.020 ден. (1.019,5 се заокружува на цел број).