Помош

Правила и услови за џекпот функционалноста „Cash Bomb“ од Amusnet

 

1. Право на добивки од функционалноста „Cash Bomb“ има секој учесник кој поседува активна корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk, која не е деактивирана или блокирана. За да учествува во добивките, учесникот мора да биде најавен на својата корисничка сметка и да поставил влог со реални средства на игрите Jackpot Cards од Amusnet во секцијата „Видеолотарија“.

2. „Cash Bomb“ претставува џекпот функционалност која се применува исклучиво на игрите Jackpot Cards од Amusnet и им овозможува на учесниците да освојат дополнителни добивки од прогресивно акумулираниот џекпот.

3. „Cash Bomb“ се активира кога учесник ќе оствари добивка во игра од Jackpot Cards, а таа ќе се совпадне со случајно избрана боја во рамките на „Cash Bomb“. Наградниот фонд на „Cash Bomb“ прогресивно се зголемува и е видлив за сите учесници во игрите Jackpot Cards, во долниот лев агол на екранот, под иконата со бомба/динамит.

4. По активирањето на „Cash Bomb“, во тој момент акумулираниот награден фонд по случаен избор се распределува меѓу играчите кои во моментот на активирањето активно учествуваат во игрите Jackpot Cards од Amusnet.

5. Износите распределени преку „Cash Bomb“ директно се кредитираат на играчката сметка на секој добитник. Освоениот износ подлежи на услов за одигрување х1.

6. Учесниците можат да освојат добивка од функционалноста „Cash Bomb“ повеќе од еднаш.

7. Секој учесник кој ќе постави влог на игрите Jackpot Cards од Amusnet и учествува за добивки од функционалноста „Cash Bomb“ се смета дека ги прифатил овие Правила и услови и се согласува да ги почитува.

8. Право на учество во „Cash Bomb“ нема да им биде овозможено на учесници кои ги прекршуваат правилата и/или користат или претходно користеле злоупотреби и/или методи за заобиколување со цел неправедно искористување на игрите, бонусите или други слични механизми.

9. Приредувачот го задржува правото во секое време да ги измени овие Правила и услови или да ја прекине понудата на џекпот функционалноста „Cash Bomb“. Одлуките се донесуваат по исклучива дискрециона оцена на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но не е должен, да ги извести учесниците за суспендирање, прекин или поништување на „Cash Bomb“, како и за причините за таквата одлука.

10. Овие Правила и услови стапуваат во сила со нивното објавување на веб страната www.megawin.mk

11. За сите прашања што не се уредени со овие Правила и услови, се применуваат Општите правила за игра за користење на веб страната megawin.mk, за учество во игрите на среќа на веб страната megawin.mk и за користење на услугите што се нудат преку неа.