1. ОПШТИ ПРАВИЛА
1. Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
2. ПЕРИОД НА ПРИРЕДУВАЊЕ
2. Играта се приредува во период од 15.12.2025 г. до 11.01.2026 г. (вклучително).
3. УЧЕСТВО
3.1. Само полнолетни способни лица кои имаат статус на учесници во согласност со Општите услови и кои ги исполнуваат следните услови можат да учествуваат во Играта:
a/ Учесникот има корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk која не е деактивирана или блокирана, или за која нема ограничување/забрана за учество во Бонус игри.
b/ Учесникот кој направил успешен депозит за учество во онлајн игрите на www.megawin.mk, и/или направил промет на облози со реални средства на онлајн игрите на www. megawin.mk, во согласност со барањата опишани во следните точки од овие правила.
3.2. Приредувачот дава можност за учество во Играта само на учесници кои ги исполнуваат, односно ги исполниле условите утврдени во овие правила, Општите услови за користење на веб страната www.megawin.mk, како и Општите бонус правила на веб страната. Во посебни случаи предвидени во Општите услови и/или Општите правила за Бонус, Приредувачот може да ја ограничи понудата за учество во играта на одреден учесник или група учесници.
4. ДОБИВКИ и НАГРАДИ
4.1. Учесниците можат да освојат која било од следниве добивки/награди во форма на бонус пари за играње со услов 1 превртување:
Број на добивки |
Добивка |
Награден фонд во МКД |
1 |
100.000 мкд |
100.000 мкд |
2 |
50.000 мкд |
100.000 мкд |
15 |
30.000 мкд |
450.000 мкд |
19 |
20.000 мкд |
380.000 мкд |
26 |
10.000 мкд |
260.000 мкд |
Вкупен број на добивки: |
|
Вкупен награден фонд во МКД: |
Покрај добивките/наградите опишани погоре, Приредувачот ќе обезбеди и други добивки/награди, како што се:
- Бонус пари за игра на веб страната;
- Бесплатни вртења (FREE SPINS);
- Бесплатен облог (FREE BET);
- Бонус понуди;
4.2. За користење на добивките во форма на бесплатни вртења, бесплатен облог и бонус пари за игра на веб страната, важат Општите правила за бонус на веб страната www.megawin.mk.
4.3. За бонус понудите, важат условите опишани во нив.
4.4. Еден учесник може да освои повеќе од 1 добивка/награда од оние наведени во 4.1 во времетраење на Играта.
5. ПРАВИЛА НА ИГРА. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБИВКИ/НАГРАДИ
5.1. Добивките и видот на добивки/награди според точка 4.1 се утврдуваат во согласност со следните правила:
6. ИГРА 1 – симболи за отворање(гребење)
6.1. Играта 1 се приредува секој ден во периодот 15.12.2025 - 11.12.2025
6.2. На учесникот на кој му е доделено право да учествува во Играта 1 му се прикажува карта за игра. Картата за игра ги означува добивките/наградите што можат да се освојат од Играта 1 во текот на соодветниот ден. При прикажување на полето на картата за игра, учесникот мора да го „изгребе“ полето за игра за да ги открие информациите дали учесникот добива или не, или да го притисне копчето „Избриши“, кое автоматски започнува анимација што ги открива информациите дали учесникот добива или не. За да освои добивка/награда од Играта 1, откако ќе започне анимацијата и ќе се откријат информациите, картата за игра на учесникот мора да има 3 идентични симболи во 1 ред. По исполнување на условот во претходната реченица, учесникот ја добива наградата означена на редот што ги содржи трите идентични симболи.
6.3. Од оваа игра може да се освојат некои од следниве добивки:
- Бонус пари за игра на веб страната;
- Бесплатни вртења (FREE SPINS);
- Бесплатен облог (FREE BET);
- Бонус понуди;
6.4. Доколку нема совпаѓање на три идентични симболи на 1 линија, тогаш учесникот не добива награда.
6.5. Распределбата на добивките/наградите се одредува со генератор на случајни избор на настани.
7. ИГРА 2 – отворање на Новогодишни топки
7.1. Игра 2 се приредува во следните периоди:
1. 15.11.2025 г. – 21.12.2025 г.
2. 22.12.2025 г. – 28.12.2025 г.
3. 29.12.2025 г. – 04.01.2026 г.
4. 05.12.2025 г. – 11.01.2026 г.
7.2. Посебен услов за учество во Игра 2: Учесникот мора да има направено промет од облози со реални средства на игрите понудени на веб страната и мора да ја има пополнето скалата за напредок визуелизирана на страницата за играта. Скалата може да се пополни до 6 пати во секој период според точка 7.1.
7.3. За генерирање промет при играње во делот Видеолотарија, се признаваат само облози со реални средства направени во игрите опишани со Процент на придонес поголем од 0% во Општи правила и услови за добивање на бонуси на веб страната за играње во делот Видеолотарија.
7.4. За генерирање промет во делот Спорт, важат условите од Општи правила и услови за добивање на бонуси на веб страната за играње во делот Спорт.
7.5. Прометот акумулиран за учество во други бонуси, бонус игри и/или бонус понуди што се одржуваат и/или се нудат во истиот период не се смета за промет за учество во оваа Игра.
7.6. Скалата за напредок е визуелизирана на страницата за Игра на учесникот. По пополнувањето на скалата за напредок, на учесникот му се дава можност да „отвори новогодишна топка“. По „отварањето на новогодишна топка“, се визуелизираат добивките.
7.7. Од оваа игра можете да освоите некои од следниве награди:
- Бонус пари за игра на веб страната;
- Бесплатни вртења (FREE SPINS);
- Бесплатен облог (FREE BET);
- Бонус понуди;
Мистериозна добивка, која може да содржи која било од следниве добивки во форма на бонус пари за игра:
- 500.000 мкд;
- 1.000.000 мкд
8. ИГРА 3 – Новогодишен REBATE(попуст/рабат)
8.1. Игра 3 се приредува во следните периоди:
1. 15.11.2025 г. – 21.12.2025 г.
2. 22.12.2025 г. – 28.12.2025 г.
3. 29.12.2025 г. – 04.01.2026 г.
4. 05.12.2025 г. – 11.01.2026 г.
8.2. Во текот на секој од периодите под точка 8.1, може да се добие бонус добивка, која се формира како процент од прометот остварен со реални средства при играње игри утврдени од Приредувачот на веб страната за конкретниот ден, наведен на страницата на Играта.
8.3. Прометот акумулиран за учество во други бонуси, бонус игри и/или бонус понуди што се одржуваат и/или се нудат во истиот период не се смета за промет за учество во оваа Игра.
8.4. Бонус добивки што можат да се освојат од оваа игра:
- Износ на бонус пари за игра на веб страната во износ од 0,5% до 2% од прометот остварен со реални средства при играње на игрите на веб страната утврдени од Приредувачот;
8.5. Минималниот REBATE за исплата е 30 МКД, а максималниот е 30.000 МКД.
8.6. Акумулираниот REBATE се исплаќа како бонус пари за игра, по 00:00 часот по завршувањето на наведениот период на Играта од точка 8.1.
9. Права на Приредувачот
9.1. Приредувачот има право слободно да ги определува условите за промет, во секое време да ги промени условите на Играта или да ја прекине истата. Решенијата се земаат по слободна преценка на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но нема обврска да ги информира учесниците за суспензија, прекинување или откажување на Играта, како и за причините за тоа.
9.2. Нема да биде дадена можност за учество во Играта на учесници кои што ги прекршуваат правилата и/или користата или имаат користено злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел искористување на игри/бонуси или слично.
9.3. Приредувачот има право во секое време да ги промени еднострано овие Правила, со тоа што измените стапуваат на сила согласно на точка 7.4.
9.4. Овие правила стапуваат на сила од нивно објавување на веб страната www.megawin.mk.