Помош

Правила за учество во програмата за лојални корисници KINGS CLUB и игрите во неа, организирани од Megawin.

 

1. Општи одредби

1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра"), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.

1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото" или „Приредувачот").

1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, kako и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.

1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.

1.5. Приредувачот ги утврдува и изменува правилата, времетраењето, условите и периодот за учество во Клубот и игрите во него.

2. Учество во KINGS CLUB

Учесниците во игрите на среќа на Приредувачот кои ги исполнуваат условите наведени подолу можат да стекнат право на учество во Клубот. Учество (членство) во Клубот е дозволено само за полнолетно и деловно способно физичко лице кое поседува корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk (во понатамошниот текст „веб страната"), при што сметката не смее да биде деактивирана, блокирана или предмет на ограничување/забрана за учество во бонус игри.

3. Членството во Клубот може да настане доколку се исполнети условите од точка 2 и лицето:

  • остварило обрт од облози во износ наведен на страницата на Клубот во рок од 30 дена, во игрите на среќа со вистински пари од кеш салдото на неговата играчка сметка, при што обложувањата не се поништени и се конечно решени (без оглед дали се добитни или губитни). За почеток на пресметката на обртот се смета притискањето на копчето „Вклучи се" на страницата на програмата;
  • или
  • добило покана за учество по одлука на Приредувачот.

3.1. Членството во Клубот е поделено во три категории, и тоа:

KINGS Играч

Условите за оваа категорија се согласно точките 2 и 3 погоре.

TOP KINGS Играч

Условите за оваа категорија се согласно точките 2 и 3 погоре, плус следниот посебен услов: за пресметка на обртот се признаваат само игрите кои имаат Процент на придонес поголем од 0% во Општите бонус правила и услови на веб страната во секцијата Видеолотарија.

VIP KINGS Играч

Условите за оваа категорија се согласно точките 2 и 3 погоре, плус следниот посебен услов: за пресметка на обртот се признаваат само игрите кои имаат Процент на придонес поголем од 0% во Општите бонус правила и услови на веб страната во секцијата Видеолотарија.

4. Приредувачот го задржува правото да не додели членство во Клубот на учесник или група учесници, иако се исполнети условите од точките 2 и 3.

5. Приредувачот има право да го прекине членството во Клубот на учесник или група учесници, како и да ја промени нивната категорија во Клубот, без обврска да го образложи своето решение.

6. Во случај учесникот да стекне право на учество во Клубот, за тоа ќе биде известен од претставник на Приредувачот.

6.1. При престанок на членството во Клубот, Приредувачот го известува учесникот, без обврска да го образложи своето решение.

7. По стекнување на членство во Клубот, учесникот добива привилегии согласно категоријата во која припаѓа.

За категоријата KINGS Играч, учесникот добива можност за:

  • Учество во KINGS турнири и/или мисии;
  • Добивање KINGS бонуси.

За категоријата TOP KINGS Играч, учесникот ги добива можностите наведени погоре, плус:

  • Побрза обработка на исплатите од играчката сметка;
  • Повисоки лимити за обложување.

За категоријата VIP KINGS Играч, учесникот ги добива можностите наведени погоре, плус:

  • Добивање специјални награди;
  • Други привилегии наведени на страницата на Програмата.

8. Дополнителни информации за Клубот, неговите услови, игри и понуди се објавуваат на неговата веб страна.

9. Со изразување желба за учество во Клубот (со притискање на копчето „Вклучи се"), се смета дека учесникот е запознаен со овие Правила и ги прифаќа.

10. Приредувачот има право во секое време да ги измени овие правила, при што измените стапуваат во сила со нивното објавување на веб страната.