1. Општи одредби
1.1. Овие правила и услови ги определуваат условите и начинот за спроведување на бонус Игра со дополнителни добивки (во понатамошниот текст „Игра“), во согласност со член 82, став 1, точка 5 и член 83, став 1 и став 2 од ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИГРА (ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ) за користење на веб страната www.megawin.mk, за учество во интернет игрите на среќа на веб страната www.megawin.mk и користење на услугите што се нудат таму заведени со архивски број 02-7430/2 од 03.11.2023 година.
1.2. Бонус добивките во игратa се обезбедени од Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Друштвото“ или „Приредувачот“).
1.3. Приредувачот дава можност за учество во Бонус играта само на учесници кои ги исполнуваат, соодветно ги исполниле условите утврдени со овие правила, како и Општите правила и услови за добивање на бонуси на веб страната megawin.mk. Во посебните случаи предвидени во Општи правила и услови на www.megawin.mk и Општи бонус правила и услови, приредувачот може да го ограничи учеството во играта на одреден учесник или група учесници.
1.4. Со учество во играта се смета дека Учесникот ги прифатил и ги прифаќа сите правила и услови кои се однесуваат на неа, како и се обврзува да ги почитува.
2. Период на приредување
Бонус играта се приредува во период од 06.12.2024 г. до 08.12.2024 г.
3. Услови за учество во бонус играта
3.1. Во играта може да учествува само учесник, кој одговара едновремено на следните барања:
- Учесникот да поседува корисничка сметка на веб страната www.megawin.mk, која што не е деактивирана/блокирана и спрема истата нема поставени ограничувања за добивање на бонуси и/или учество во бонус игри;
- Учесникот да направил влез во системот (во својата корисничка сметка на www.megawin.mk) во периодот по т.2, и реализирал барем еден добитен облог со реални средства во спортови определени од Приредувачот:
Фудбал
- Размерот на минималниот облог, за учество во бонус играта ќе биде посочен на страницата на бонус играта.
4. Видови Бонуси и определување на нивно добивање
4.1. Бонусот, кој што може да биде добиен при учество во играта е „Бонус сума за игра на веб страната“, усогласено со посоченото во т.4.2. подолу.
*Бонус сумата, треба да се преврти еднаш за да се претвори во реални средства.
4.2. Начин на определување на добивањето на бонусите
За определување на класифицирањето за Највисок коефициент, важат следните услови:
- Важат само за добитни облози;
- Важат само облози со реални средства и минимален износ на облог од 300 денари;
- Важат облози со Бонус Колона (тикет);
- НЕ се вчитуваат облози во системи;
- НЕ се вчитуваат типови кои се повторуваат (дури и да има направен КЕШ АУТ на облогот);
- НЕ се вчитуваат недобитни, кешаут или откажани облози;
- НЕ се вчитуваат облози со бонус средства и комбинирани облози;
- НЕ се вчитуваат облози на типови од секција "Megawin Специјални";
Учесниците се подредуваат во класифицирањеов по најголемиот добиен коефициент. Во случај кога има еднаквост, определување за класифицирањето е бројот на добитните облози. Учесникот со повеќе добитни облози се класифицира понапред. Доколку повторно има еднаквост, се утврдува кој учесник го има поставено облогот порано.
На крајот на бонус играта, првите 50 учесници во крајното класифицирање на турнирот го распределуваат награден фонд од 300.000 денари како што следува:
Место во класифицирање |
Единична Награда |
Вкупна Награда |
1 |
50.000 |
50.000 |
2 |
40.000 |
40.000 |
3 |
30.000 |
30.000 |
4-5 |
15.000 |
30.000 |
6-10 |
10.000 |
50.000 |
11-20 |
5.000 |
50.000 |
21-30 |
3.000 |
30.000 |
31-50 |
1.000 |
20.000 |
Вкупно |
|
300.000 денари |
5. Рок и Користење на Бонусот
За користењето и роковите на бонусот важат Општи бонус правила и услови на www.megawin.mk.
6. Права на Приредувачот
6.1. Приредувачот има право во секое време да ги промени условите на играта или да ја прекине играта. Одлуките се донесуваат по дискреција на Приредувачот и се конечни. Приредувачот може, но не е должен да ги информира учесниците за прекинот или откажувањето на играта, како и за причините за тоа.
6.2. Можноста за учество во играта нема да добијат учесници кои ги прекршуваат правилата и/или користат или користеле злоупотреби и/или методи на заобиколување со цел да користат игри/бонуси или слично.
6.3. Приредувачот има право еднострано да ги промени овие Правила во секое време, при што промените стапуваат на сила во согласност со точка 6.4.
6.4. Овие правила стапуваат на сила од нивното објавување на веб страната www.megawin.mk.